Back To Top

Специјализирана обука на тема: Ако мислите дека знаете сѐ за јавните набавки, помислете повторно!

 – Добра законска регулатива, обучени професионалци, но, пропусти во практиката –

„Посебен осврт: Практичен приказ на новата подобрена верзија на е-Пазарот за набавки од мала вредност – следува период на зачестено користење!”

29 февруари – 2 март  2024 година (четврток-сабота)

Хотел ДРИМ****, Струга

ВОВЕД И ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
Имајќи го во предвид задоволството на учесниците од успешни и квалитетни обуки од оваа област, како и големиот интерес што секогаш го предизвикува оваа тема, се организира специјализирана работилница на тема: „АКО МИСЛИТЕ ДЕКА ЗНАЕТЕ СЀ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ, ПОМИСЛЕТЕ ПОВТОРНО!“ којашто ќе се реализира од 29 февруари до 2 март 2024 година во Хотел ДРИМ****, Струга.

ЗОШТО ДА СЕ УЧЕСТВУВА НА ОБУКАТА?
Јавната набавка не е нималку едноставна, многу е динамична и никогаш не е иста. Дури и лицата со повеќегодишно искуство, може да се соочат со ситуации или прашања при спроведувањето, учеството на постапките и користење на Електронскиот систем за јавни набавки, кои за првпат ги согледуваат или за кои немаат конкретно решение или одговор. Затоа добро е секогаш да бидеме информирани за новините и да го обновуваме знаењето од оваа област.
На оваа обука ќе имате ЕДИНСТВЕНА можност да учествувате на презентациите и сесиите, како и можност за консултации за реални проблеми, со обучувачи кои имаат долгогодишно искуство од сите аспекти од областа на јавните набавки: учество во изработката на легислативата и регулативата за јавни набавки, практично искуство во спроведување на специфични постапки за јавни набавки, директно одговорни за развојот на е-Набавките, учество во мониторинг на јавните набавки на национално ниво, како и познавање на меѓународните практики за јавни набавки.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 

Оваа обука е за сите кои работат на јавните набавки од страна на договорните органи  и понудувачи, лицата-единици за јавни набавки, членовите на комисии и одговорните лица, лица кои учествуваат во подготвување на понудите, лица кои вршат контрола/ревизија на јавните набавки, консултанти и за сите други заинтересирани лица за наведените теми.

АГЕНДА И ТЕМИ НА СЕСИИТЕ (ПРЕЗЕМИ ОВДЕ)

 

Обуката ќе ја изведуваат водечки експерти од областа на јавни набавки со долгогодишно искуство како предавачи:

м-р Марија Јованоска – 
Лидер на тимот за имплементација, одржување и развој на Електронскиот систем за јавни набавки и унапредување на истиот со воведување на нови електронски алатки и најдобри практики во областа, како и на тимот за имплементација и развој на Електронскиот пазар за набавки од мала вредност. Во Бирото за јавни набавки од неговото основање во 2004 година, а последните десетина години како Раководител на сектор. Активно учествуваше во изработката на новиот Закон за јавни набавки (2019) како и во сите претходни законски решенија, подзаконски акти, прирачници, модели на тендерски документи, активно учествува во изготвување на најразлични статистички анализи на податоците за јавни набавки и врз основа на добиените резултати предлага мерки за унапредување и воспоставување на потранспарентен и поефикасен систем на јавна потрошувачка и подобрување на бизнис климата во земјата.  Во текот на својата работа, учествува на голем број семинари, обуки и конференции во земјата и во странство. Вклучена е во голем број на проекти управувани од ЕК, СИГМА, Светска банка, ГИЗ и УСАИД. Поседува големо познавање на ЕУ директивите, активен член е на експертска група за електронски набавки (EXEP) формирана од ЕК. Сертифициран обучувач е од воспоставувањето на програмата за едукација за јавни набавки со одржани голем број обуки наменети за лица кои спроведуваат законот (ДО) и лицата кои поднесуваат понуди за јавни набавки (ЕО). Сертифициран обучувач e од ITC-ILO International Training Centre – Торино, Италија. Поседува и меѓународни сертифитикати од UNDP/CIPS (level 2, 3 и 4). Автор е и ко-автор на голем број стручни трудови, практикуми, прирачници и брошури за различни теми од областа на јавните набавки и електронските алатки.

м-р Горан Давидовски –
Моментално работи на позиција Помошник раководител на секторот за управување на ЕСЈН) и следење на системот за јавни набавки. Учествуваше во работната група која во 2009 го разви и имплементираше постоечкиот ЕСЈН и во текот на годините е вклучен во сите аспекти од развојот и унапредувањето на ЕСЈН. Исто така, дел е од тимот кој работи на имплементација и развој на Електронскиот пазар за набавки од мала вредност. Зема учество како клучен експерт во неколку проекти за развој на системот за јавните набавки во Македонија, управувани од УСАИД, Европската Комисија (ЕК) и Светската Банка. Поседува големо искуство во областа на јавните набавки на национално ниво, познавање на ЕУ директивите, како и искуство и познавање во спроведувањето на постапките на меѓународните финансиски организации (СБ, ММФ, УН итн.). Дел е од работната група која го изготви новиот Закон за јавни набавки (2019 година). Работи и како обучувач за јавни набавки, како за институциите од државниот и јавен сектор, така и за приватните компании, со голем број на реализирани тренинг сесии во изминативе години.  Поседува сертификат за национален обучувач, а исто така има лиценца за обучувач на ЕУ ниво добиена од ITC-ILO центарот во Торино. Неодамна се здоби со Диплома за стратешки јавни набавки издадена од UNDP/CIPS. Автор е и коавтор на повеќе публикации, истражувања и книги поврзани со јавните набавки и е-Набавките.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник за дводневно предавање:
6.500 ден. (плус 18% ДДВ)

Цена за хотелско сместување:
13.500 ден. (со вклучено ДДВ) – Цена по лице за сместување во двокреветна соба
За еднокреветна соба се доплаќа 2700 денари.

Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања со комплет оброци во Хотел Дрим****
  • Свечена вечера во ресторан во Охрид
  • Кафе паузи по програма
  • Работен материјал и сертификат за учество
  • Интернет
  • Користење на сауна во велнес центарот на хотелот
  • Организиран превоз
  • Туристичка такса

*Во цената по лице за сместување не е вклучено: патничко осигурување.

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За реализација на обуката, потребно е да се пријават минимум 20 учесници.
За резервација на учеството, потребно е да се уплати целосниот изноз на котизација + сместување.
Доколку учесникот го откаже присуството  на обуката 7 дена до самиот почеток на патувањето се плаќа целосниот износ на аранжманот односно 100%.

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 16 февруари 2024 година.
Напомена: По пријавувањето учесниците ќе добија фактура од Институт Концепт.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт