Back To Top

Strength Deployment Inventory (SDI) – Алатка за личен и тимски развој – Од самопроценка до продуктивно управување со различностите

Семинарот Strength Deployment Inventory (SDI) се занимава со алатките потребни за личен и тимски развој, а тоа се однесува на процесот кој започнува со самопроценка како предуслов за успешно управување со различностите, со цел подобро разбирање, појасна комуникација и превенција на потенцијални недоразбирања и конфликти.
За време на семинарот, ќе се дискутира за важноста на емоционалната интелигенција при водење на тимот, како и за мотивацијата и препознавањето на предизвикувачите на конфликти, со цел да се спречат успешно и навремено.
Покрај горенаведеното, семинарот им поставува задача на учесниците да дизајнираат сопствен акционен план преку кој ќе работат на однесувања кои може да придонесат за подобрување на резултатите и односите со другите.
Семинарот се одржува во склоп со модуларната специјалистичка програма Mini MBA – Management Skills.

Содржина на семинарот
– Што е емоционалната интелигенција и како таа влијае врз успешното управување со тимот?
– Што е SDI (Strength Deployment Inventory) алатката и како се користи за подобрување на меѓучовечките односи?
– Која е бојата на мојата мотивација?
– Како да препознаете што ги мотивира другите?
– Кој е клучот за квалитетна тимска работа?
– Како да се идентификуваат предизикувачите на конфликти и истиот да се превенира?
– Тајната на успешно управување со конфликтите
– Индивидуален план за акција – кои однесувања треба да ги изменам за подобри резултати при интеракција со други?

Работилницата е интерактивна со различни примери од пракса.

Цели на семинарот
Целта на семинарот е да се разбере сопствената мотивација и да се усвојат алатките и начините на препознавање на мотивација кај другите. Освен тоа, целта на семинарот е да се научи како да се идентификуваат предизвикувачите на конфликти и да се совладаат техниките за управување со конфликти со различни луѓе. На крајот, учесниците ќе ги идентификуваат клучните предности во лидерската улога и ќе станат свесни за тоа како нивното однесување влијае на членовите на тимот и на односите во тимот.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт