Back To Top

Толкување на најновите измени во законот за минерални суровини

Дали имате склучено договор за концесија за детални геолошки истражувања?

Дали имате склучено договор за концесија за експлоатација?

Дали имате идеја за проширување на вашиот бизнис со експлоатација на минерални  суровини?

Знаењето и почитувањето на одредбите од Законот за минерални суровини е основа за успешно и правилно функционирање на фирмите кои се занимаваат со рударски и геолошки активности.

Обуката може да ви помогне:

  • Да се запознаете со најновите измени во законот за минерални суровини во делот на проспекциските геолошки истражувања;
  • Да се запознаете со најновите измени во законот за минерални суровини во делот на експлоатацијата на минералните суровини;
  • Која е постапката при добивање на концесија за проспекциски геолошки истражувања;
  • Која е постапката за добивање на концесија и дозвола за експлоатација на минерални суровини;
  • Кои се правата и обврските на концесионерот;
  • Кои се правата и обврските на концедентот.

Агенда:

  • Најнови измени во законот за минерални суровини во делот на проспекциските геолошки истражувања;
  • Најнови измени во законот за минерални суровини во делот на експлоатација на минерални суровини;
  • Обврски на концесионерите;
  • Обврски на концедентот;
  • Казнени одредби.

Обуката е наменета за:

Концесионери кои поседуваат концесија за детални геолошки истражувања, компании кои вршат геолошки истражувања, концесионери кои имаат концесија за експлоатација на минерални суровини или изведувачи на рударски активности и слично.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт