Back To Top

Усогласување на работата на постојните здравствени установи со новиот закон за здравствената заштита

Новиот Закон за здравствената заштита е објавен во “Службен весник на РМ, бр 43/13”, а влезе во сила на 6.04.2013 година, а измената и дополната на Законот е објавена во “Службен весник на РМ” бр 145/13. Во член 318, став 1, од Законот е определено дека постојните здравствени установи ќе поднесат барање за обновување на дозволата за работа во рок од една година од денот на утврдувањето на мрежата на здравствени установи.

Обврската за обновување на дозволата за работа важи за сите јавни и приватни здравствени установи, кои работат со дозвола за работа издадена согласно стариот Закон за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“, бр. 38/91, 46/93, 55/95, 10/04, 84/05, 111/05, 65/06, 5/07, 77/08, 67/09, 88/10, 44/11 и 53/11), без оглед на тоа дали работат во мрежата на здравствени установи или надвор од мрежата (без договор со

Фондот за здравствено осигурување на Македонија). Постојните здравствени установи кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија ја сочинуваат мрежата на здравствени установи и продолжуваат, во рамките на мрежата, да ја вршат здравствената дејност за која имаат дозвола за работа издадена согласно со стариот Закон за здравствената заштита.

Целта на обуката е запознавање со обврските кои произлегуваат од новиот Закон за здравствената заштита, што треба да се направи за да ја обнови дозволата, како ќе се работи до обновувањето на дозволата за работа, како ќе се добие лиценца за работа во мрежата на здравствени установи и сл.

Агенда:

  1. Закон за здравствената заштита и обврската за обновување на дозволата за работа;
  2. Вршење на здравствена дејност во мрежа и надвор од мрежа на здравствени установи;
  3. Услови кои треба да ги исполните за да ја обновите дозволата;
  4. Содржина на дозволата за работа согласно ЗЗЗ;
  5. Лиценца за работа во мрежа на здравствени установи;
  6. Обврски на носителот на лиценцата за работа;
  7. Содржина на елаборат за основање на здравствената установа надвор од мрежата на здравствени установи.

Обуката е наменета за:

Постојните здравствени установи – аптеки, и тоа за управителите, извршните директори, правниците и др.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт