Back To Top

ДАЛИ ГО УСОГЛАСИВТЕ ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ? СО КОИ ДИЛЕМИ СЕ СООЧУВАТЕ?

ПРОДОЛЖЕНИОТ ТРАНЗИЦИСКИ ПЕРИОД ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ ИСТЕЧЕ НА 28.02.2022 ГОДИНА!

Online обука на платформа:
File:Zoom Communications Logo.svg - Wikimedia Commons

Цел на обуката
Концептот на заштита на личните податоци е значајно изменет во последните неколку години, особено со носењето на General Data Protection Regulation (GDPR) но и со новиот Закон за заштита на личните податоци кој е донесен во февруари 2020 година. Субјектите на личните податоци имаат се повеќе права за нивна заштита, што ја става контролата над личните податоци во нивни раце. Од друга страна, конролорите кои ги обработуваат личните податоци имаат се повеќе обврски за да обезбедат соодветен степен на заштита на тие лични податоци.

Процесот на усогласување со новиот Закон за заштита на личните податоци контролорите го наоѓаат за комплексен и исполнет со бројни предизвици. Дел од предизвиците се поврзани со разбирањето на новите обврски кои произлегуваат од законот, но голем дел се поврзани и со ресурсите кои компаниите треба да ги посветат токму на овој процес но и на одржливоста на системот за заштита на личните податоци. Висината на казните за наусоглаеноста изнесува од 2 до 4 проценти од годишниот приход што е дополнителна причина за навремено да се отпочне и посветено да се заокружи усоглсаувањето.

СОДРЖИНА

•    Кои обврски ги има Вашата компанија согласно новиот ЗЗЛП?
•    Кои чекори треба да ги преземете за да воспоставите систем за заштита на личните податоци?
•    Како да ги дефинирате процесите и збирките на личните податоци?
•    На кое ниво на ризик е обработката на личните податоци во Вашата компанија?
•    Кои мерки за заштита треба и може да ги воведете?
•    Дали треба да назначите Офицер за заштита на личните податоци и кои се неговите обврски?
•    Имате ли веб страница или други алатки за комуникација со Вашите клиенти, потрошувачи и други субјекти?
•    Како да креирате квалитетни Политики за приватност?
•    Што треба да преземете во случај на безбедносен инцидент?
ПРЕДАВАЧ
     
Елена Стојановска
Елена Стојановска, експерт за заштита на личните податоци со петнаесетгодишно искуство во областа. Таа својата експертиза започна да ја гради како вработена во Дирекцијата за заштита на личните податоци (2005-2014) каде директно учествуваше во процесот на воспоставување на институционалната рамка но и во меѓународното вмрежување и соработка во областа на заштитата на личните податоци.  Активно работи на различни проекти кои се однесуваат на менторство и едукација за заштитата на личните податоци. Во периодот 2018 – 2020 година беше член на работната група за носење на новиот Закон за заштита на личните податоци во Министерството за правда со што активно учествуваше во процесот на усогласување на националната со европската правна рамка за заштита на личните податоци.
     
За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал во електронска форма;
•    сертификат за присуство

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за прв учесник изнесува 4.000 денари, плус ДДВ, додека за секој нареден учесник изнесува 3.000 денари.

ВАЖНО: Сите што ќе се пријават, во пријавниот лист можат да напишат прашања и дилеми со кои се соочуваат во имплементацијата на законот во својата организација. Комплетен одговор ќе добијат на самата обука.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт