Back To Top

Видови и течење на камати, договор за кредит, прекинување на оставинска постапка и парници во врска со наследувањето

Обуката се организира со цел за поподробно запознавање на адвокатите и правниците во финансиските институции со видовите на камати и течење на каматите, договорите за кредит како и прекинување на оставинската постапка и парници во врска со наследувањето. Обуката ќе се реализира со примери од пракса, студија на случаи и можност учесниците да поставуваат прашања и активно да учествуваат со свои дискусии.

Агенда:

1.ВИДОВИ НА КАМАТИ И ТЕЧЕЊЕ НА КАМАТИ

  • Договорна и затезна камата
  • Камата на вондоговорна обврска
  • Почеток на течење на камата

2.ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ

  • Кога е втасана обврската за исплата на кредитот
  • Обем на плаќање
  • Обврски на гарантот

3.ПРЕКИНУВАЊЕ НА ОСТАВИНСКАТА ПОСТАПКА И ПАРНИЦИ ВО ВРСКА СО НАСЛЕДУВАЊЕТО

  • Факти од кои зависи правото на наследство
  • Факти во врска со полноважноста на тестамент
  • Барања на преживениот брачен другар
  • Факти во врска со големината на наследниот дел

Обуката е наменета за:

Aдвокати и правници во финансиски институции.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт