Back To Top

Закон за архивски материјал и водење е-архива

Online обука
Платформа:

Обуката се организира со цел обработка на специфичностите и последните актуелности од Законот за архивски материјал, како и водењето на електронска архива (е-деловодник).

Агенда:

I. Анализа на списи со содржинска класификација на организациониот план во архивското работење.

II. Закон за архивски материјал.
1. Јавен архивски и документарен материјал;
•   Права и обврски на имателите;
•   Одбирање на архивскиот и уништување на документарниот материјал
2. Приватен архивски и документарен материјал;
3. Надзор;
4. Прекршочни одредби;
5. Должности на имателите на приватен архивски и документарен материјал;
6. Документарни центри.

III. Електронски архивски и документарен материјал.

IV. Уредба за канцелариско и архивско работење.

1. Предмет, цел и содржина по предлог на Уредбата за канцелариско и архивско работење:
•  Градација на канцелариското од архивското работење;
•  Канцелариско работење (писарница);
•  Архивско работење (архива);
•  Електронско канцелариско и архивско работење.
2. Чување и заштита на архивски и документарен материјал;
3. Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
4. Упатство за начинот на одбележување на документите со рокови на чување;
5. Водење на Деловодник и негово пополнување преку практични примери (јавни набавки (тендерска документација), оглас за вработување, склучување на договори и меморандуми, решенија за вработени и сл.);
6. Примена и начин на користење на приемен и роковен штембил;
7. Во кој случај и на кои документи се применува штембил (меморандум);
8. Примена на печат Архивски примерок;
9. Начин и постапка на поврзување на тековни предмети и поврзување на тековни предмети со предмети од претходни години;
10. Водење на Попис на акти (договори за цесии, решенија за годишни одмори, фактури, патни налози, компензации, и сл.);
11.  Начин на водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги (книга за место, книга за пошта);
12. Најновите предлог измени и дополнувања на Законот за архивски материјал по однос на Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување.

V. Водење на електронска архива (е-деловодник).
1. Усогласенот помеѓу рачно водење на деловодник и е-деловодник (нивна паралела).
2. Водење на е-деловодник:
•  Канцелариско работење;
•  Движење на документите;
•  Архивско работење.
3. Скенирање директно во Деловодникот; Распределување на документите по вработен; Дефинирање на сопствени независни категории и поткатегории; Дополнување на забелешки.
4. Образложение на најчесто поставуваните прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).

Обуката е наменета за:

За сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, како и да започнат со водење на електронска архива (водење на е-деловодник).

 

Детали за котизација

Котизацијата за еден учесник изнесува 4.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 3.500 денари, плус ДДВ.

 

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт