Back To Top

Закон за класифицирани информации

”ПРЕДЛОГ-ПОДЗАКОНСКИ АКТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ И ТОЛКУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ”
(ПРАКТИЧНИ ИСКУСТВА, ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ)

Платформа:

19.11.2020 година (четврток), 10.00-15.00 часот

Целта на обуката е да се опфатат измените на Законот за класифицирани информации донесен на седница бр.123 во Собранието на РСМ на 27.12.2019 (Сл.весник бр.275/19), насоките за негова ефикасна и ефективна имплементација во корелација со дополнителни препораки за овој закон vis-à-vis Закон за слободен пристап на информации од јавен карактер и Закон за заштита на лични податоци.

Исто така, оваа обуката се организира со цел запознавање на учесниците со поимот чувствителна информација, концептот на безбедност на чувствителни информации и улогата на заштитата на чувствителната информација во безбедносниот систем на Р. Македонија. Обуката ќе ги унапреди знаењата на учесниците од аспект на сите видови на безбедност на класифицирани/чувствителни информации со фокус на персоналната, физичката и информатичката безбедност, а во фунција на детектирање на реалните безбедносни потреби, предизвици и перспективи на носителите на критичната инфраструктура. Низ позитивни и негативни примери од националната и меѓународна пракса, учесниците ќе се обучат да ги идентификуваат надворешните, внатрешните, сајбер и хибридни закани и ќе се запознаат со мерките и активностите коишто треба да ги преземат за да ги намалат или во целост елиминираат безбедносните ризици.

СОДРЖИНА

1. Вовед 

– Класифицирани/чувствителни информации кај критичната инфраструктура
– Потребата за заштита на класифицираните информации
– Последици од неовластено објавување на класифицирани информации

2. Регулативата во Македонија во областа на заштитата на класифицирани информации

– НОВ ЗАКОН за класифицирани информации
– Разлика помегу НОВИОТ и СТАРИОТ Закон

3. Персонална безбедност на класифицирани информации

– Користење на отворени извори за прибирање информации за безбедносна подобност на вработените и на новите кандидати за вработување
– Програма за развивање и подигање на безбедносната свест кај вработените
– Појава на внатрешна закана, практични примери
– Објективна идентификација на работни места за кои е потребно безбедносен сертификат
– Номинирање на офицер за безбедност во рамките на институцијата – изготвувач и/или корисник на класифицирани информации

4. Физичка безбедност на класифицирани информации

– Безбедносни политики и процедури и нивна имплементација и контрола
– Процена на безбедносниот ризик во институцијата
– Детекција на слабости и ранливости, практични примери

5. Информатичка безбедност на класифицирани информации– Стандардни оперативни процедури за работа со Комуникациско-информатички системи
– Заштита на критичната инфраструктура од сајбер закани
– Споделување информации со државните и приватни организации (Private Public Partnerships)
– Пристап којшто ќе се заснова на веродостојни информации и менаџирање на ризиците

6. Предлог- подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за класифицирани податоци

7. Препораки за унапредување на работата при ракување со класифицирани информации

8. Заклучни согледувања 

Целна група на обуката се вработени во организации коишто се дел од критичната инфраструктура на Македонија како што се компаниите од електроенергетскиот, хидроенергетскиот, телекомуникацискиот, воено-индустрискиот, транспортниот, информациско-технолошкиот сектор, и други. Исто така, обуката е наменета и за сите лица кои се активно вклучени и/или одговорни за изготвување на безбедносно-одбранбени стратегии, планови, програми, извештаи, проценки за ризик како и за лицата – безбедносни офицери задолжени за безбедност на вработените, опремата, имотот и целокупната инфраструктура во своите матични организации од државниот и приватниот сектор.

Сите учесници на обуката ќе добијат работен материјал и сертификат за присуство.

Детали за котизација

  • Котизацијата за еден учесник изнесува 4.000 денари, плус ДДВ.
  • За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 3.500 денари, плус ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

ДАТУМ: 19 ноември, РОК ЗА ПРИЈАВА: 17 ноември

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт