Back To Top

Закон за странци и процедура за одобрување на привремен престој на странцизаради работа и школување, студирање, изучување на јазик и размена на студенти во рс македонија

ЗАКОН ЗА СТРАНЦИ И
ПРОЦЕДУРА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ НА СТРАНЦИЗАРАДИ РАБОТА И ШКОЛУВАЊЕ, СТУДИРАЊЕ, ИЗУЧУВАЊЕ НА ЈАЗИК И РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ
ВО РС МАКЕДОНИЈА

27 февруари 2024 година (вторник)
 10:00 – 15:00 часот
 Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Цел на обуката:

Со оглед на актуелноста на темата за странци, односно се почесто се случува странски државјани да престојуваат и да бидат ангажирани како работна сила во Република Северна Македонија, како и големиот број на странски државјани кои се школуваат, студираат, изучуваат јазик или учествуваат во студентска размена, Институт Концепт ја поставува обуката со наслов Закон за странци и процедура за одобрување на привремен престој на странци во РС Македонија, заради работа,  школување, студирање, изучување на јазик, размена на студенти.

На предавањето ќе биде опфатена постапката на аплицирање и добивање на работна дозвола за странци која е во надлежност на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за вработување, како и постапката за добивање на привремен престој заради школување, студирање, изучување на јазик, размена на студенти.

Со ова сите организации кои имаат потреба од странска рабона сила ќе се запознаат со комплетната процедура и критериуми за добивање на работна дозвола за странци, како и сите образовни установи во кои се школуваат, студираат, странски државјани за процедурата и критериумите за добивање на привремен престој.

СОДРЖИНА:

1.Видови на престој во РС Македонија
-краткорочен престој
-привремен
-постојан

2.Причини, основи за привремен за престој согласно Законот за странци

3.Основ за привремен престој заради работа
-вработување
-сезонско вработување
-упатен работник
-школување, студирање, изучување на јазик

– учество во програми на меѓународна размена на ученици или студенти,
-специјализација, стручно усовршување или практично оспособување,
-волонтирање
-научно истражување
-сместување или згрижување во установи за стари лица,
-семејно обединување
-член на семејство
-потекло од МКД
-дете родено во МКД
-недвижен имот
-хуманитарни причини

4.Општи и посебни услови за добивање на привремен престој
-Престој по самовработување, сезонски и упатени работници
-Престој по школување, студирање, изучување на јазик, размена на студенти

5.Критериуми за стекнување на постојан престој по работа

6. Казнени одредби за незаконски престој по работа

7. Улогата на Агенцијата за вработување во регулирањето на престојот согласно Закон за станци и Закон за работа и вработување на странци

8.РД дозволи

9.Критериуми по кои можат да работат странците со ограничено работно време
(студенти, професори, РД дозволи)

Предавачи:

Гоце Страшески, главен инспектор по странци и реадмисија, МВР Скопје

Ведат Зилбеари, соработник во секторот за станци, Агенција за вработување на град Скопје

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата  изнесува 5.500 денари, плус ДДВ.
За секое наредно лице од иста организација котизацијата изнесува 5.000 денари, плус ДДВ.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 26 февруари 2024 година.

27 февруари 2024 

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт