
ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО (МОБИНГ) И ПОСТАПКА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИК И РАБОТОДАВАЧ
Online обука на платформа:
Цел на обуката:
Во денешното време на брзи промени, турбулентни односи, приватни и деловни, повеќето поединци се обидуваат да се справат со стресот. Денес стресот е еден од главните предизвикувачи на злоупотреба на работното место, а најлошото е што злоупотребата, без разлика дали е психичка или сексуална, станува се’ почеста на работното место. Овој вид на злоупотреба денес е познат како мобинг.
Треба да се истакне дека мобингот со себе носи штетни последици како за жртвата и нејзината психолошка и здравствена состојба, така и за организацијата во која се јавува, но и за средината во која работи организацијата. Со оглед на актуелноста и се’ почестата појава на овој проблем во организациите, спречувањето и пред се’ ширењето на свеста за штетноста на мобингот е важно за целото општество.
Овој проблем подеднакво негативно влијае на работодавачот во чија организација се јавува. Со цел да се спречат ситуации на вознемирување на работното место, работодавците треба да развијат програми за превенција за да спречат насилство.
Фокусот на оваа обука е разгледување на сите аспекти кога станува збор за вознемирување на работното место, од дефинирање на мобингот како форма на злоупотреба, преку правата, обврските и одговорностите на работодавачот и на вработените, па се’ до судската заштита (тужба, видови на тужба, товар на докажување и привремени мерки). Со цел да се спречат ситуации на вознемирување на работното место, важно е да се имаат во предвид сите страни, со цел соодветно реагирање и развивање на соодветна програма за превенција за спречување насилство.
Во рамки на обуката, ќе се обработува и темата за постапка за откажување на договорот за вработување со отказ од повеќе причини.
Сите учесници на обуката ќе бидат во можност да поставуваат прашања кои се однесуваат на Законот за ЗРО.
СОДРЖИНА
Тема 1: Мобинг
Општи одредби
Предмет на Законот
Цел на Законот
Примена на Законот
Забрана на вознемирување на работно место
Видови вознемирување на работно место
Вршител на вознемирување
Место и време на вршење на вознемирување
Што не е завознемирување на работно место
Општи правила за однесувањето на работодавачот и вработениот при работа
Права ,обврски и одговорности на работодавачот
Известување на вработениот
Определување на посредник
Одговорност за штета
Права, обврски и одговорности на вработените
Заштита од вознемирување
Сознанија за вознемирување
Злоупотреба на правата
Постапка за заштита од вознемирување на работно место kај работодавачот
Претходна постапка
Поведување на постапка
Поднесување и содржина, рокови на барање
Видови посредување
Мерки за утврдување на одговорност на вработениот
Заштита на учесниците во постапката
Судска заштита
Тужба
Видови на тужба
Товар на докажување
Привремени мерки
Инспекциски надзор
Прекршочни одредби
Судска пракса
Тема 2. Постапка за откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот предвидени во ЗРО
Основани причини за отказ во согласност со ЗРО од лични причини
Основани причини за отказ во согласност со ЗРО од деловни причини
Основани причини за отказ во согласност со ЗРО поради причина на вина
Тема 3. Отказ со понуда на нов променет договор за вработување (начин и постапка) – член 78 од ЗРО
Тема 4. Рокови за отказ на договорот за вработување – член 94 од ЗРО
Отказ на договорот за вработување од лични причини
Отказ на договорот за вработување поради причини на вина од страна на работникот
Отказ на договорот за вработување поради сторено кривично дело на работа или во врска со работата
ПРЕДАВАЧИ
1.Ленче Коцевска, Државен советник за политики за вработување за труд и безбедност и здравје при работа, Инспекторат за труд при Министерство за труд и социјална политика
2.Санде Зиков, судија во Апелационен суд Скопје
За сите учесници ќе биде обезбедено:
• Работен материјал во електронска форма;
• Сертификат за присуство
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата за прв учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ, додека за секој нареден учесник изнесува 4.500 денари.