Back To Top

Најчести грешки, законски предвидени рокови, најчесто поставувани прашања и казнени одредби за канцелариско и архивско работење и е-архива!

23 февруари 2024 (петок)
09:00 – 15:00 часот
 Институт КОНЦЕПТ, Скопје

I.  Прием на документи, нивно заведување, распоредување, административно-техничко обработување, испраќање и разведување на документите

Евиденција: деловодник, попис на акти и помошни евиденции

II. Законски предвиден рок за задолжително изготвување на план и листа на
архивски знаци со нивни рокови на чување и негово поднесување до
Државен архив за тековна 2024,  одбирање на архивски од
документарен материјал и негова евиденција

III.Е-АРХИВА

Цел на обуката

Важноста на управувањето со документите се наметнува во работата на државните и другите институции и компании. Пренатрупаноста од документи кои најчесто не се добро или не се воопшто обработени налага барање на адекватно решение.

Заштитата на архивскиот материјал е приоритетна и трајна задача на една држава и општествена заедница. Архивскиот материјал претставува неодминливо и трајно сведоштво за генезата и историскиот развиток на македонската нација и македонскиот јазик и за севкупниот државно-правен, политички, општествено-економски и културен развиток на Република Македонија.

Законска обврска е на државните органи, претпријатијата и другите правни лица да извршуваат голем број должности од областа на канцелариското и архивското работење.

 

Содржина :

Тема 1. Законски и подзаконски акти за канцелариското и архивското работење

  • Основни  разлики помеѓу јавен и приватен архивски и документарен  материјал
  • Основни поими: архивски материјал, документарен материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционалени неконвенционален архивски и документарен  материјалимател на архивски материјал
  • Надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал

Тема 2.Канцелариско работење

  • Овластување кое треба да го поседува функционерот
  • Овластување за прием, прегледување и распоредување
  • Овластување за ракување со печати и штембили
  • Штембили и печати на еден орган -приемен, роковен печат и др, евиденција на печати
  • Вежби-пополнување на обрасци

Тема 3. Основни техники на канцелариското работење

  • Основна книга за евиденција – деловодник
  • Помошни книги за евиденција (попис на документи, регистар, интерна доставна книга, книга за препорачана пошта и книга за место)
  • План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување
  • Вежби-пополнување на обрасци

Тема 4. Книги за евиденција

  • Деловодник
  • Попис на акти
  • Уписници
  • Интерна книга
  • Книга за место
  • Книга за пошта
  • Начин на заведување
  • Пренос
  • Поврзување
  • Исправка на погрешно напишан текст
  • Заклучување

ВЕЖБА 1: Приемен штембил (пополнување на рубриките)
ВЕЖБА 2: Роковен Штембил
ВЕЖБА 3: Деловодник (начин на водење и пополнување на рубриките)
ВЕЖБА 4: Попис на акти (Начин на водење)

Тема 5. Архивско работење

  • Архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал,
  • Попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот материјал
  • Чување,заштита и користење на архивскиот и документарниот материјал во мирновременска, воена и вонредна состојба

ВЕЖБА 5: Изготвување на листи на архивски и документарен материјал
ВЕЖБА 6: Опис  и отпис на архивски материјал
ВЕЖБА 7: Уништување на документарен материјал

Тема 6. E-АРХИВА-Практична презентација на електронското канцелариско работење

  • електронки архивски и документарен материјал
  • чување
  • заштита
  • достапност
  • користење
  • предавање во Државниот архив
  • електронска архива и е-деловодник
  • софтвер
  • дигитално потпишување
  • принцип на архивирање

Предавачи :

Борис Најдовски


долгогодишен виш инспектор во Државен управен инспекторат и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење.

Диме Јуруков


поранешен заменик директор на Државниот архив на Македонија и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење.

Експерт


Претставник од Македонски бизнис системи, за е-архива.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за еден учесник изнесува 5.500 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 5.000 денари, плус ДДВ.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
24 јануари 2024 година.

Почеток: 23 февруари 2024

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт