Ако знаењето е моќ, податоците се богатство и тоа бесценето. Најголемите маркетинг империи на 21 век, Google и Facebook, споделија ресурс што им ја даде моќта што ја поседуваат, а тоа се податоците. Магичниот збор е Big Data.
Имено, феноменот на Big Data го доведоа технологиите во нашето опкружување и тој го претставува начинот на кој една компанија може да обработува и управува со се’ поголем број податоци, вклучително и оние за потрошувачите, врз основа на кои ќе направи други важни бизнис-одлуки. Прибирањето податоци за потрошувачите стана практика во цел свет и се’ повеќе се применува на сите пазари и во различни индустрии.
Секој ден, огромен број на податоци се генерираат од милијарди уреди поврзани на Интернет. Оваа огромна количина на податоци доаѓа од различни извори; од објави на социјалните мрежи до веб-страници, дигитални слики и видеа, записи за трансакции, историја на плаќања, сензори што се користат за собирање податоци за клима или GPS сигнали, итн. Колективно, овие податоци се нарекуваат Big Data. Анализирањето и обработката на толку голема количина на структурирани и неструктурирани податоци е речиси невозможно со користење на традиционални софтверски техники. Но, тука веќе не се работи само за големината; Big Data е можност да добиете увид во новите типови на податоци и содржини кои водат до подобри одлуки и подобри стратешки деловни потези.
Big Data повеќе не претставува новитет. Поради проширувањето на податоците кои доаѓаат од различни извори, има потреба од нови алатки кои ќе можат да обработуваат големи количини на податоци. Бидејќи компаниите веќе поседуваат традиционална инфраструктура, многу е важно развојот на решенијата за Big Data да биде насочен кон нејзино интегрирање во постоечкиот систем и вметнување нови вредности.
Ова е доба на презаситеност со податоци!
Проблемот со собирање, организирање и анализа на податоци е отворена тема. Доколку бизнисот е насочен кон мала целна група и нема голема конкуренција, работите се прилично јасни. Како што растат амбициите и се појавува конкуренцијата, поседувањето на вистински податоци и извлекувањето на најдобри заклучоци од нив стана приоритет од кој зависи идниот успех и постигнувањето на целите.

До неодамна, речиси сите достапни податоци беа неструктурирани податоци бидејќи не постоеше друг начин за нивна обработка освен рачна обработка од луѓе.
Денес ги имаме сите услови податоците да бидат структурирани и со тоа сами по себе да имаат многу поголема вредност. Тоа се: брзи процесори, можност за складирање, cloud технологии, нови технологии наменети исклучиво за обработка на големи податоци.
Да повториме, податоците не се цел сами по себе, тие имаат вредност само кога се користат за да се дојде до корисни заклучоци врз основа на кои се преземаат вистинските чекори.
Ова има вредност не само во комерцијалната индустрија, туку и во здравствената заштита, заштитата на животната средина, решавањето на социјалните проблеми, метеорологијата, астрономијата, општо подобрување на квалитетот на животот на земјата. Проблемот со перформансите станува се поизразен кај системите за видео надзор, кога од безбедносни причини се анализираат огромни количини на податоци собрани преку многу IP камери распоредени така што снимаат плоштади, аеродроми, железнички станици… од сите важни агли.

За луѓето во маркетингот, Big Data претставува остварување на деценискиот сон. Од моментот кога првиот индустријалец или сопственикот на селската продавница сакал луѓето да купуваат производи од него пред било кој друг, тој почнал да размислува како да стигне до клиентите. За да успее во ова, крајната цел беше да ги запознае. Информациите станаа богатство.
Сега, додека маркетерите сè уште сонуваат за совршено точни и прецизни податоци и знаат дека кој прв ќе стигне до нив ќе се искачи на врвот, податоците ги има на претек. Со нив доаѓаат и предизвиците. Океанот од податоци треба да се обработи и да се прилагоди на целите, а тоа е предизвик на кој не се одговара така лесно.
Ова најдобро може да се види во моменталната експанзија на дигиталниот маркетинг. Не можете да изберете совршено место за билборд за вашиот прескап луксузен производ каде што вашиот ROI (Поврат на инвестицијата) ќе биде оптимизиран, но можете да направите речиси совршено таргетирање во дигиталниот свет.
Тоа го гледаме денес со секој клик на Интернет. Без разлика дали сме на форум за ИТ или прелистуваме локација за некој ресторан, повторно сме насочени од истите реклами на AdSense. Се чини дека рекламите на Фејсбук ги читаат нашите мисли и ни ги нудат токму производите што ни се потребни во моментот. Ако тоа не е случај, тоа е само знак дека некој не си ја врши работата како што треба.

Big Data ги создаде сите услови за инвестициите во рекламирањето и пласманот на производи да биде направен со хируршка прецизност. Сето ова се случува благодарение на податоците што ги оставаме зад нас насекаде, кои се внимателно собрани, складирани и обработени од оние за кои овие податоци се суштински. Ако барате излез од таа ситуација, треба целосно да се отстраните од онлајн светот, засекогаш.
За да може една компанија (но, и поединец!) да биде подготвен/а за ова ново време, неопходно е да се совладаат нови техники на собирање, обработка и процедури за извлекување корисни и веродостојни заклучоци со помош на статистички методи и алатки.
За сите идни Big Data професионалци, внимателно разгледајте ја нашата Академија! Ќе видите зошто сме најдобри! 😃