Back To Top

2 февруари, 2021 | Актуелности

ШТО Е ОНЛАЈН ПРОДАЖБА?

За да го разбереме светот на продажба преку Интернет денес, потребно е да се навратиме неколку чекори назад во минатото, односно моментот на првата дигитална размена на стока и пари.
            Во 1972 година, во сојузната држава од САД, Масачусетс, децении пред појавата на Амазон или АлиЕкспрес, се случи „голема експлозија“ на е-трговија меѓу студентите на универзитетот Стенфорд и нивните колеги од МИТ. За да ја реализираат размената, тие користеле ARPANET (Advanced Research Projects Agency Network), односно првата светска операционална мрежа за комутација на пакети и мрежното јадро од кое почнува да се создава глобалниот Интернет.
            Од далечната 1972 година до денес, еволуцијата на продажбата се префрлува од купување во продавници со физичка адреса, во продавници со web адреса – сето тоа овозможено со интернет банкарството, хипер-растечките глобални пазари и инсистирањето на транспарентно работење. Денес, продажбата преку Интернет е дел од секојдневниот живот на преку 1.6 милијарди луѓе во светот, затоа што, ќе признаете, купувањето на посакуваниот производ од удобноста на сопствената фотелја со минимално вложено време е прилично добро чувство. А, чувството е тоа што продава.
           Дигиталниот свет и дигиталната технологија во целост го менуваат потрошувачкото искуство ширум светот. Светот се’ повеќе се поврзува и дигитализира, а како што се зголемува времето кое корисниците го минуваат онлајн, пропорционално се зголемуваат и дигиталните можности кои стојат на располагање

          Онлајн искуството постојано се развива благодарение на контент-креаторите и бизнисите кои се способни да таргетираат купувачи кои се во потрага по производи какви што тие нудат, како и да изнајдат иновативни начини за да им помогнат да купуваат и учат.
            Најголемиот броj сајтови за онлајн купување користат бази на податоци преку кои се следи инвентарот. Од тука произлегува и очигледна предност бидејќи купувачот може да ја види состојбата на залихите, а продавачот има увид кога залихите се при крај. Целокупната нарачка ќе биде електронски обработена и проследена до продавачот, кој посредно или непосредно ќе ја спакува и испрати до купувачот.
            Една од најголемите придобивки од продажбата преку Интернет е императивот за безбедност на податоци. Имено, далеку е побезбедно купувачот да внесе број на кредитна картичка преку сигурна интернет-врска, отколку гласно да диктира чувствителни податоци преку телефон или дури и преку печатена пошта. Преку онлајн плаќањето, банката ја проверува веродостојноста на сметката на купувачот, дали има доволно средства на картичката, но средствата ќе бидат резервирани, се’ додека купувачот не ја потврди нарачката. На тој начин, сите се безбедни.
            Очигледна предност е и удобноста и комфорот на потрошувачите, но и леснотијата при отворање онлајн продавница. Сето тоа ја прави онлајн продажбата најбрзо растечка гранка на економијата во светот.
             

ПОВРЗАНИ СТАТИИ