Да се биде проект менаџер значи да се управува со проект.
Да, терминот проектно менаџирање, буквално преведен, значи управување/раководење со одредена активност. До пред неколку децении, за проект се сметаше секој инфраструктурен градежен проект, додека денес како проект се сметаат широк спектар на активности, од изградба на мост, до испраќање сателити во вселената, па сè до создавање мобилна апликација или поголема маркетинг кампања. Затоа, описот на работата на проект менаџерите може многу да варира во зависност од дадените околности.
Сепак, постојат сличности во работата кои го обединуваат секој проект менаџер, како и активности во кои огромното мнозинство колеги ќе се препознаат. Списокот на позитивни и предизвикувачки ставки е долг.
Проектниот менаџмент е концепт со кој, преку комбинирање на методи на организација, планирање и контрола, се врши рационална координација на сите ресурси со цел да се спроведе конкретен проект на ефикасен начин.
Резултатот од примената на овој концепт е исполнување на поставените цели, односно успешно завршување на проектот во планираното време и со очекуваните трошоци и квалитет.
Главната должност на проектниот менаџер е да обезбеди успех на проектот со минимизирање на ризиците. Ова се постигнува преку голем број методи, а добар проект менаџер мора да ги знае сите систематски вештини на менаџерот.
Позитивни страни на професијата
Ниту еден работен ден не е ист
Ако не сакате повторувачки задачи, но Ви се допаѓа динамиката и разновидноста на работните задачи, проектниот менаџмент го нуди токму тоа. Од фазата на планирање до евалуацијата, активностите низ кои поминува секој проектен менаџер во текот на животниот циклус на проектот се различни и тешко дека ќе има денови каде дневниот распоред ќе биде идентичен.
Можност за учење, личен и професионален развој
Секој следен проект е нешто поразличен од претходниот, а со тоа претставува можност да научите и совладате нешто ново. Преку работа на проекти, особено оние посложените, добивате можност да стекнете ново животно и професионално искуство, кое ќе Ве зајакне за следниот, и ќе Ви овозможи следниот пат да направите уште еден чекор (или уште неколку).
Различни типови на луѓе
Шансите се дека секој нов проект со себе ќе носи нови луѓе, т.е. стејкхолдери во Вашиот професионален живот. Ако внатрешниот тим, односно Вашиот близок тим со кој соработувате, не се промени, веројатно е дека ќе се променат барем надворешните соработници и заинтересираните страни, што носи нови познанства и контакти кои можат да имаат корисен ефект врз развојот на Вашата деловна кариера. Исто така, секој нов соработник е личност од која секако може помалку или повеќе да научи.
Секој проект има свој почеток и свој крај
Во животот и кариерата важно е да правите паузи. Паузите ни овозможуваат да застанеме, размислиме и процениме што сме правеле до тој момент, како и да ги преиспитаме начините на кои правиме нешто. Фактот дека секој проект има свој крај ни дава можност да анализираме што сме постигнале добро, а што не толку добро, каде сме згрешиле, каде сме се истакнавме, како и кои се нашите силни и слаби страни. Претстојниот проект е можност да не се повторуваат грешките или барем да се намалат, како и да се искористи повеќе сопствениот потенцијал и сили.
Секој нов проект е нов предизвик и можност да се докажете
Ако сте личност која сака да се докажува, тогаш проектите се добра можност за постигнување предизвикувачки цели. Високите цели можат да исплашат, но и да бидат голема мотивација за сите што работат на проектот. Високата мотивација тогаш ќе ги вклучи сите ваши сили и потенцијали, можеби дури и оние за кои не сте знаеле дека постојат кај вас. Токму во такви периоди и моменти човекот најмногу се развива и расте.
Здрава доза на секојдневни предизвици!
Покрај одговорностите и предизвиците, оваа професија може да донесе многу можности за учење, растење, развој и тестирање на Вашите способности. Динамичноста и уникатноста на проектите ќе Ви дадат можност да се трансформирате во поразноврсна, систематска и подобра личност заедно со секој проект.
Позицијата проект-менаџер обезбедува задоволство, но и здрава мерка на секојдневните предизвици кои ќе Ве принудат да излезете од Вашата комфорна зона, туку да ги подобрите проектите што ги работите, а и да се унапредите себеси.