Успешни приказни
АКАДЕМИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
БИЉАНА НЕДЕЛКОВСКА
„Учеството на Академијата за ЧР за мене претставува позитивно искуство.Професионален пристап поткрепен со голема флексибилност. Излегување во пресрет на сите учесници за да бидат во тек со секое предавање, и сето тоа навреме. Предавачите даваа примери од секојдневието, нивното искуство беше големо и неисцрпно. Мене, како почетник во оваа професија ми помогна многу да научам. Сега останува на мене да го продлабочам стекнатото знаење.“
АКАДЕМИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
НИКИЦА БОШКОВСКА
„Мојата филозофија е едноставна – биди креативен, позитивен, едноставен и ориентиран кон луѓето. Затоа што секој поединец е алфа и омега како за корпоративната, така и за секоја друга средина. Мојата филозофија само уште еднаш беше утемелена со Академијата за HR. Професионална, темелна и сеопфатна Академија која идејата и ориентираноста ја обликува во лична сатисфакција од совладаното. Тврдам дека оваа Академија е одличен избор, посебно заради целата практична работа која несебичните професори ја менторираат.“
АКАДЕМИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
БИЉАНА АРБОВСКА
„Јас сум многу комуникативна личност!
Работата во сектор за човечки ресурси, покрај стручно знаење и комуникација, бара и емоционална интелигенција.
Среќна сум што ја завршив Академијата за HR!
Сега сум подготвeна со новото знаење да дадам сериозен придонес на моето работно место!“
АКАДЕМИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
ИВИЦА ПАВЛОВ
„На почетокот бев скептичен да се пријавам, зошто пријатели кои биле на Академии во други центри, не беа задоволни. Но, дефинитивно оваа Академија вреди за сите пари! И, повторно би Ве избрал Вас! За професорите имам најголемо мислење, ги доживеав како број еден професори во оваа област. Огромна поддршка имавме од сите професори, се чувствуваме професинално исполнети. ЕДНО ГОЛЕМО СРЦЕ ЗА ВАС!”
Модул: Современ деловен асистент - Вештини и предизвици-
Фљорије Шаини
-Виш соработник за управување со човечки ресурси и персонална евиденција
Обуката беше одлично осмислена и секако дека ќе ни користи многу во практичната работа, а позитивен е и интерактивниот пристап. Имаше убава организација и суштински и визуелно. Разјаснивме многу прашања и дилемии, предавачите беа одлични, групата беше прекрасна, имавме квалитетни дискусии, така што сметам дека импресијата за една успешна реализирана обука е резултат на одличните предавања и креативната дебата, со еден збор супер едукативно искуство !!
Академија за Дигитален Маркетер
Елена Михаилова
– Sales and marketing specialist, Inteligenta.
“Најголемиот бенефит кој го имав од дигиталната академија е вработувањето како Маркетинг специјалист. Без никаков проблем ги користам стекнатите знаења на реален проект. Во работата многу ми помогна алатката Photoshop, за креирање на интересни објави, но исто така советите од предавачите за Content writing и SEO беа добредојдени за промовирање и рекламирање на нашата фирма како и софтверските услуги кои ги нудиме.“