Успешни приказни
Модул: Современ деловен асистент - Вештини и предизвици-
Фљорије Шаини
-Виш соработник за управување со човечки ресурси и персонална евиденција
Обуката беше одлично осмислена и секако дека ќе ни користи многу во практичната работа, а позитивен е и интерактивниот пристап. Имаше убава организација и суштински и визуелно. Разјаснивме многу прашања и дилемии, предавачите беа одлични, групата беше прекрасна, имавме квалитетни дискусии, така што сметам дека импресијата за една успешна реализирана обука е резултат на одличните предавања и креативната дебата, со еден збор супер едукативно искуство !!
Академија за Дигитален Маркетер
Елена Михаилова
– Sales and marketing specialist, Inteligenta.
“Најголемиот бенефит кој го имав од дигиталната академија е вработувањето како Маркетинг специјалист. Без никаков проблем ги користам стекнатите знаења на реален проект. Во работата многу ми помогна алатката Photoshop, за креирање на интересни објави, но исто така советите од предавачите за Content writing и SEO беа добредојдени за промовирање и рекламирање на нашата фирма како и софтверските услуги кои ги нудиме.“
Академија за Дигитален Маркетер
Верослава Андоновски
– Key Account Manager for Energy Sectors, ITS ISKRATEL Skopje
“Со оглед на тоа што доаѓам од ИТ/ТК компанија каде бизнисот е исклучиво Б2Б, со помош на искусните предавачи-професори, а преку Content Marketing, Copywriting, Маркетинг на социјални медиуми и Search Engine Optimization (SEO) успешно ја подобрив свеста за нашиот бренд во дигиталниот простор, а со тоа допринесов и до успешно реализирање на зададените цели и проекти, секако познавајќи ги интернет правата и законот за заштита на личните податоци.“
Академија за човечки ресурси
Неда Спасевска
– Менаџер за човечки ресурси
“Бидејќи веќе работам во полето на човечки ресурси, Академијата за човечки ресурси при Институтот КОНЦЕПТ, преку програмата и одлично избраните професори ми пренесе многу знаење, а воедно одговори и на многу прашања од различни дисциплини во Човечките ресурси. Во мојата работа веќе ги применувам стекнатите знаења и алатки. Чест ми е што бев дел од прекрасна група. Искуството е непроценливо. Ви благодарам КОНЦЕПТ.“
Академија за Дигитален Маркетинг
Марија Михаилова
– Студент на Економски факултет
“Како студент на Економски факултет со голем интерес ги следев предавањата на Академијата за дигитален маркетинг. Верувам дека стекнатото знаење од академијата ќе ми помогне многу полесно да ги совладувам содржините кои следуваат во наредните години на моите студии, дека полесно и побрзо ќе се прилагодам на материјата која ќе ја изучуваме во наредниот период и сум цврсто убедена дека знаењето и вештините што ги стекнав на оваа академија ќе ми помогнат во мојата понатамошна кариера.”