Back To Top

29 декември, 2021 | Актуелности

ВАЖНОСТА НА ДИГИТАЛНИОТ МАРКЕТИНГ ЗА УСПЕШЕН БИЗНИС

Фокусот на секоја компанија, без разлика на нејзината големина, е  во привлекувањето  на нови клиенти и задржување на постоечките. За таа цел се користат огласи во различни печатени медиуми, флаери, билборди… и цврсто верување дека ако сме сигурни во квалитетот на нашиот производ или услуги, прашање на време е кога клиентите ќе не најдат. Иако оваа стратегија дава резултати, постои полесен начин, а тоа е да се искористи големиот потенцијал на онлајн пазарот.

Придобивки од дигиталниот маркетинг

Бројот на потенцијални клиенти што можеме да ги најдеме на интернет е многу поголем од оние кои би можеле да привлечеме локално. Со користење на дигитален маркетинг, можеме да добиеме огромен број на потенцијални клиенти на рентабилен и лесно мерлив начин.

Други придобивки од онлајн маркетингот се:

  • Способност за директна комуникација со потенцијалните клиенти, за да дознаеме што е она што тие тие го сакаат
  • Можност за излез на странски пазари
  • Пристап до повеќе клиенти со помалку пари од традиционалните маркетинг методи
  • Запознавање со целната група и можност тие да не запознаат нас, што создава лојалност на брендот
  • Можеме да ги следиме резултатите од маркетинг кампањите во реално време.

Дали го одложувате дигиталниот маркетинг?

Зошто го одложувате вложувањето време и труд во дигитален маркетинг? Компаниите имаат различни причини зошто го избегнуваат или го одложуваат овој облик на маркетинг, но ако кризата предизвикана од корона вирусот не научи нешто, тоа е дека понатамошноте одложување е невозможно.

Малите и средни претпријатија понекогаш мислат дека немаат време или пари да бидат конкурентни онлајн. Тие мислат дека не можат да се соочат со толку многу предизвици одеднаш и чекаат, држејќи се до една или две основни форми на рекламирање, под претпоставка дека нивниот бизнис ќе се развие со текот на времето. Некои од нив мислат дека  најдобра стратегија едноставно да чекаат клиентите сами да се појават.

Ова не е ефикасен пристап. Никогаш не постои гаранција дека компанијата ќе привлече клиенти само со своето постоење, па дури и да се случи тоа, веројатно нема да привлечете толку многу клиенти колку што се потребни за да го направат бизнисот профитабилен.

Вашите клиенти се онлајн

Ако сте го избегнале дигиталниот маркетинг, дали тоа е затоа што мислите дека едноставно не сте спремни? Дали мислите дека ви треба само уште малку време за да ги разберете принципите на дигиталниот маркетинг?

Проблемот со овој пристап е што вашите сегашни и потенцијални клиенти се веќе онлајн. Веднаш сега во овој момент. Денеска. Постои голема шанса дека тие можеби веќе бараат производ или услуга како вашата, но не можат лесно да ве најдат, па веројатно ќе изберат некој друг.

Така работат луѓето денес. Кога некој е заинтересиран за она што го правите, било да е тоа потенцијален соработник или клиент заинтересиран за вашиот бренд, првото нешто што ќе го направат е онлајн истражување и што е она што може да дознае за вас таму. Тие ќе очекуваат да најдат веб-страница и страни на социјалните мрежи. Тие ќе бараат коментари за да дознаат што зборуваат другите луѓе за вашата компанија.

Ако потенцијалниот клиент не може да ве најде на интернет, лесно може да заклучи дека вашиот начин на работење не изгледа легитимен или дека имате причини за да се криете. Голема е веројатноста дека многу од овие потенцијални клиенти ќе заклучат дека вашата компанија не треба да ја сфатат сериозно и брзо ќе се упатат на друго место. Откако ќе ја донесат таа одлука, веројатно никогаш нема да се вратат.

За да може една компанија да биде успешна, потребно е да внимава што прави конкуренцијата и да учи од неа. Мислете на вашите конкуренти не само како некој што треба да се победи туку и  некој од кого можеш многу да научиш. Кога анализирате што прават вашите конкуренти, добивате идеи за тоа кои стратегии даваат добри резултати, а кои не. Без оглед на индустријата во која работите вашите конкурентите сигурно се присутни онлајн. Каква содржина креираат? Дали имаат блог, дали користат видео или графички содржини? Како тие комуницираат со клиентите и што ги прави уникатни? Каква комуникација имаат со постоечките и со потенцијалните клиенти? Дали мислите дека вие можете да го направите тоа подобро? Ако не сте онлајн, тогаш сигурно не можете да бидете подобри. Ако потенцијалниот клиент почне да бара производ или услуга што вие ја обезбедувате и ги најде само сајтовите на вашата конкуренција и вашите не, вие во суштина не се ни натпреварувате. Потенцијални клиенти не можат да ве изберат ако не ни знаат дека постоите.

Бидете достапни за вашите клиенти

Во денешниот свет, после пандемијата, првото место каде потенцијалниот клиент го бара она што му треба е онлајн. Без оглед на производот или услугата, веројатно ќе започне со тоа што ќе го впише своето барање во пребарувачот на Google. Ако не сте присутни на интернет, нема да им се појавувате во пребарувањето и затоа не можете да се натпреварувате. Ако сте присутни онлајн, но вашите конкуренти полесно се наоѓаат и се појавуваат први при пребарувањата, исто така може да се случи да не можете да се натпреварувате. Покрај поставувањето јасна и функционална страна, нејзината оптимизација може да ви помогне во пребарувањето во пребарувачот Google да бидете меѓу првите резултати што ќе бидат прикажани.

 Размислете за дигиталниот маркетинг како начин да бидете попристапни за вашата целна публика.Со то што ќе бидете присутни онлајн, вашата компанија работи надвор од своето работно време. Со тоа што ќе бидете присутни онлајн, на вашите клиенти им создавате чувство дека сте тука за нив во секое време од денот или ноќта. Клиентите можат да ви испраќаат е-маил со прашања. Потенцијалните клиенти кои не се физички способни да дојдат до вас, од која било причина, сепак ќе можат да купат од вас.

Запознајте ја вашата целна публика

Дигиталниот маркетинг ви овозможува подобро да ги запознаете вашите клиенти. На социјалните мрежи или на вашиот блог можете да започнете разговори и дискусии, да спроведувате анкети. Обрнете внимание на коментарите што ви ги оставаат. Со интеракција со луѓе на интернет, подобро ќе разберете што бараат или што очекуваат. Кој проблем или желба се трудат да го задоволат со вашиот производ или услуга. Кои се решенијата кои можете да им ги понудите, наместо да погодувате, дигиталниот маркетинг ви обезбедува алатки и методи за да добиете точни одговори на овие прашања. На овој начин, градите односи со вашите клиенти и станувате многу повеќе од само компании, станувате доверлив партнер. Дигиталниот маркетинг е најисплатливиот тип на маркетинг каде сите трошоци и ефекти се лесно мерливи.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ