ВОВЕД
Целта на оваа обука е на учесниците да им обезбеди можност за намерни и структурирани интеракции поврзани со комуникацијата и тимската работа преку серија на кратки теоретски инпути и интерактивни тимски и групни активности.
На овој начин учесниците ќе стекнат знаења и ќе развијат вештини од областа на комуникацијата како и способност за добра и успешна тимска соработка.
Интерактивниот пристап во обуката обезбедува подобро разбирање на самите себе, како и подобро разбирање на другите од нашата околина со цел унапредување на интерперсоналните односи и постигнување на поквалитетен живот како крајна цел.
Преку унапредување на комуникациските вештини и посебно асертивниот стил на комуникација се развива емоционалната интелигенција, јакне самодовербата, се зголемува мотивацијата за работа, меѓусебната доверба и почит, единството, креативноста, критичкото мислење и решавање на разни проблеми и предизвици. На овој начин вработените меѓусебно се поврзуваат и пронаоѓаат дополнителни мотиви и причини за постигнување на подобри резултати.
- Разбирање и развивање на комуникациските и социјалните вештини
- Јакнење на соработката во тимот
- Техники на избегнување на манипулација во комуникацијата
- Развивање на способноста за асертивно однесување посебно во конфликтни ситуации
- Техники на упатување и примање на критики и пофалби
- Развивање на поголема осетливост и разбирање за другите
- Ненасилно комуницирање
- Комуникација со „тешки клиенти“
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
За вработените во различни организации, без оглед на индустријата и нивото на одговорност, кои сакаат да ги подобрат своите комуникациски вештини.
АГЕНДА
1. Отворање, воведни активности и методологија на работа
- Претставување на водителот на обуката
- Претставување и запознавање со учесниците на обуката
- Воведни информации за агендата, целите на обуката и методологијата на работа
- Очекувања на учесниците
- Воспоставување на правила на групна работа
- Воведни вежби за комуникација
- Значење на комуникацијата во интерперсоналните односи
- Предрасуди во однос на комуникацијата
- Видови на комуникација и комуникациски стилови во деловната сфера
- Вежби
- Како комуницираме?
- Структурална и функционална анализа на ЕГО состојби;
- Вежби
Кафе пауза
4. Видови трансакции и правила во комуникацијата
Пауза за ручек
5. Важноста на строуковите за градење на довербата и соработката во тимот
- Поим за строук
- Златна строук тријада
- Строук економија
- Вежби
- Давање повратни информации
- Јас говор
Кафе пауза
7. Работа со „тешки клиенти“
- Видови клиенти
- Како да се излезе на крај со „тешки клиенти“
- Вежби
- Feedback од учесниците за процесот и постигнување на целите од обуката
- Евалуација – прашалник
КАРАКТЕРИСТИКИ НА КУРСОТ
- Времетраење 10 недели
- Студенти 0
- Оценување Да






