
Напреден ексел за cash flow
Екселот е извонредна алатка за планирање и предвидување на идните готовекови.
Со него може да се изготви детален преглед на паричните текови и изготви таканаречен
“Кеш Буџет“, кој може едноставно да се објасни како документ кој претставува листинг на
антиципирани готовински приливи и одливи на компанијата за одреден период. Станува
збор за еден од најкомплексните документи со многу меѓусебно поврзани делови и
целини.
Изработката и апдејтирањето на кеш буџетот за големите фирми не е алтернатива, туку
базична потреба. За разлика од Планскиот Биланс на Успех, Кеш Буџетот опфаќа само
актуелни парични текови.
Целта на обуката е да се креира комплетен документ (софтвер) за идните готовински
текови и Кеш Буџет, со трите дела (работна платформа, листинг на сите готовински
приливи и одливи и калкулација на крајниот кеш баланс и детерминирање на потребата
за позајмување на средства- задолжување).
Овој семинар обезбедува рамка за разбирање на процесот на финансиската контрола и
буџетирањето, со користење на напредни Ексел алатки – во функција на создавање на
информациски систем за финансиско предвидување, планирање и контрола.
Преку овој еднодневен семинар – работилница ќе дознаете како да го изготвите Кеш
Буџетот за детерминирање на планските претпоставки за финансиските планови и како
истите да ги разберете на начин кој ќе ви помогне во донесувањето на вистински деловни
одлуки.
АГЕНДА
o Практична работа – изработка на работна платформа
o Практична работа – наплата, исплата
o Практична работа – пресметка на крајниот кеш баланс
o Практична работа – употреба на кеш буџетот за утврдување на тајмингот на големи
расходи
o Практична работа – сценарио менаџер
o Практична работа – пресметка на тековната задолженост
o Практична работа – користење на алатки за ревизија на формулите во ексел за
избегнување на грешки
Практична работа – калкулација на тековното инвестирање
