Back

БЗР обука: Грижа за благосостојбата на вработените, инспирација за поздраво, помотивирано и попродуктивно работно опкружување

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА: Во време на постојани промени, високи барања и сѐ почеста појава на професионално исцрпување, благосостојбата на вработените станува стратешки приоритет за секоја организација што сака да биде чекор понапред. Воедно и претставува темел за градење на работна …

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Време на почеток 12:00 am 11 септември, 2025
  • Време на завршување 12:00 am 12 септември, 2025
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:
Во време на постојани промени, високи барања и сѐ почеста појава на професионално исцрпување, благосостојбата на вработените станува стратешки приоритет за секоја организација што сака да биде чекор понапред. Воедно и претставува темел за градење на работна средина каде луѓето не само што функционираат – туку растат, се чувствуваат безбедно и мотивирано.

Оваа работилница не е „уште една сесија“. Таа е простор за оддишување, поврзување и вистинска грижа – за себе, за колегите, и за средината во која живееме најголем дел од денот.

 

СОДРЖИНА:

• Што претставува благосостојба на работното место и зошто е клучна за индивидуалниот и организацискиот успех
• Добри практики од компании кои веќе ја интегрирале благосостојбата во своето работење
• Перспективи според ISO 45003 и насоки од Светската здравствена организација
• Примери над законската регулатива: како водечките организации го надминуваат основниот минимум
• Интегрирање на благосостојбата во организациската култура: од вредности до секојдневни навики
• Клучни столбови на благосостојбата и фактори кои најмногу влијаат врз менталното, емоционалното и физичкото здравје
• Како да ги препознаеме сигналите за помош и на време да одговориме
Препознавање и справување со burnout (согорување на работа), емоционална интелигенција и емпатија на работно место, од негативен feedback да моќна алатка за развој.
• Практични алатки и техники за градење на позитивна работна средина.

Што добивате?

Работилницата е збогатена со интерактивни вежби, визуелизации, техники за саморефлексија и групна дискусија – сѐ со цел да ви помогне веднаш да ги примените научените концепти во вашиот работен контекст. Со конкретни алатки и нови перспективи, ќе ви помогнеме не само да препознаете што се случува „под површината“, туку и како навистина да направите промена – одвнатре и околу вас.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 
За менаџери, HR професионалци, стручни лица за безбедност, тим лидери, како и сите кои сакаат да бидат активен двигател на позитивни промени во организацијата.

ПРЕДАВАЧИ:

1.Ирена Тасева-магистер за науки од инжинерство на работна средина, регионален менаџер за безбедност и здравје при работа и животна средина во автомобилска индустрија.

2.Цветанка Захова- магистер по правни науки, професионалец за човечки ресурси во автомобилска индустрија; тренер за развој на вештини и лидерство.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)

Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)

Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
23 септември 2025 година

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *