Back

Подготовка на кандидати за полагање на стручниот испит за безбедност и здравје при работа

14 септември 2026 година (понеделник)
 19:00 – 21:30 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Цена 23.600 ден. по учесник
  • Локација ZOOM
  • Време на почеток 7:00 pm 28 септември, 2026
  • Време на завршување 9:30 pm 11 ноември, 2026
  • Капацитет Ограничено на 20 лица

Обуката ќе се реализира online на платформата ZOOM.

  28 септември 2026 година (понеделник)
 19:00 – 21:30 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

Во очекување на есенскиот термин за полагање на стручниот испит за безбедност и здравје при работа, во организација на Министерството за економија и труд, Иститут Концепт организира систематизирани предавања преку кои учесниците ќе ја совладаат областа и ќе се подговат за полагање на овој испит.

Распоред на предавањата: 

Со цел комплетна подготовка на кандидатите да го положат испитот, Институт КОНЦЕПТ организира обука составена од 14 предавања.

Предавањата се реализираат понеделник и среда од 19.00 до 21.30 часот, online, на платформата ZOOM.

Што е стручно лице за безбедност при работа?

Според законот за безбедност и здравје при работа, стручно лице е е вработено стручно лице кај работодавачот назначено од него за извршување стручни задачи поврзани со безбедноста при работа.

Примарни обврски на стручното лице се:

– советување на работодавачот за планирање, избор, купување и одржување на средствата за работа,
– советување на работодавачот за опремување на работното место и работната средина,
– изготвување на стручна основа за изјавата за безбедност,
– вршење на редовни и контролни прегледи на хемиските, физичките или биолошките ризици во работната средина,
– вршење на редовни и контролни прегледи и испитувања на работната опрема,
– вршење на внатрешен надзор над спроведувањето на мерките за безбедно извршување на работата;
– изработка на упатства за безбедно извршување на работата,
– следење и анализа на повредите поврзани со работењето, професионалните болести, идентификација на причините за истите и подготовка на извештаи за работодавачот, заедно со сите предложени безбедносни мерки и
– подготовка на програма и спроведување обуки на вработените за безбедно извршување на работата.

Кој може да стане стручно лице за БЗР?

Стручен испит може да полага лице кои ги исполнува следниве услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– да има живеалиште во Република Македонија,
– да има високо образование од заштита при работа, технички или друг отсек, кој одговара на дејноста на работодавачот (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС)),
– со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната и
– да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област за која е поднесено барањето за полагање на стручен испит.

Што опфаќаат предавањата?

Закон:

  • Закон за безбедност и здравје при работа

Правилници од Законот за безбедност и здравје

  • Правилник за безбедност и здравје при работа на вработените изложени на ризик од бучава
  • Уредба за дополнување на Уредбата за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствените прегледи на вработените
  • Уредба за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствените прегледи на вработените
  • Тарифник за висината на трошоците за полагање на стручниот испит за безбедност при работа
  • Програма за полагање на стручен испит за безбедност при работа
  • Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистар на издадени уверенија за положен стручен испит за безбедност при работа
  • Правилник за формата и содржината на уверението за положен стручен испит за стручно лице за безбедност при работа
  • Правилник за формата и содржината на образецот за известување за започнување со вршење на дејност
  • Правилник за условите за вработените, организацијата, техничките и другите услови кои треба да ги исполни правното или физичкото лице за вршење на стручни работи
  • Правилник за начинот на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот
  • Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на физички агенси (вештачко оптичко зрачење)
  • Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на канцерогени
  • Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложеност на биолошки агенси
  • Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени во индустријата за вадење на минерали со бушење
  • Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат
  • Правилник за минималните барања за безбедност и здравје на вработените од ризиците поврзани со изложување на азбест при работа
  • Правилник за минималните барања за безбедност и здравје на вработените на работниот простор
  • Правилник за мерки за заштита при работа со екрани
  • Правилник за личната заштитна опрема која вработените ја употребуваат при работа
  • Правилник за изменување на Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички
  • Правилник за изменување на правилникот за знаци за безбедност и здравје при работа
  • Правилник за знаци за безбедност и здравје при работа
  • Правилник за висината на трошоците за издавање на дозвола за вршење на стручни работи и полагање на стручен испит за безбедност и здравје при работа
  • Правилник за безбедност и здравје при работа при употреба на опрема за работа
  • Правилник за безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар
  • Правилник за безбедност и здравје при работа на вработените изложени на ризик од механички вибрации

 

ПРЕДАВАЧИ:
Група експерти од соодветната област

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 

лица кои ги исполнуваат законските критериуми (државјанство, образование, искуство) и сакаат да полагаат испит.

Редовна котизација за еден учесник:
20.000 ден. (плус 18% ДДВ)

Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство

Групата е ограничена на 20 учесници и функционира на принципот прв дојден прв услужен.

Пријавување до: 7 септември 2026 година.