ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
- Разбирање на комуникацискиот циклус
Учесниците да научат како функционира комуникацијата во продажниот процес и зошто feedback е клучен за успех. - Совладување на телефонската комуникација
Да ги препознаат предностите и ограничувањата на телефонската продажба и да развијат техники за активна комуникација и слушање. - Управување со емоции при телефонски контакт
Да научат како да контролираат сопствени емоции и да препознаваат емоции кај клиентите за подобар однос. - Развивање на стратегија за Cold Calling
Да разберат која е вистинската цел на cold calling, како да ја надминат фрустрацијата од одбивањето и кога е најпродуктивно да се прават повици. - Препознавање и избегнување на типични грешки
Да ги идентификуваат 10-те најчести грешки во процесот на Cold Calling и да научат како да ги избегнуваат. - Анализа на потреби и квалификување на клиенти
Да умеат да откријат потреби, мотиви и приоритети на клиентите преку прашални техники и активно слушање. - Справување со отпори и приговори
Да развијат стратегии за надминување на најчестите бариери („не сум заинтересиран“, „немаме буџет“, „скапо е“ итн.) и да ги разликуваат објективните од субјективните пречки. - Препознавање сигнали за купување
Да идентификуваат вербални и невербални сигнали кои укажуваат на подготвеност на клиентот да донесе одлука. - Ефикасно затворање на продажбата преку телефон
Да совладаат техники за успешно затворање на продажбата и да научат како да применат cross-selling и up-selling во телефонски разговор. - Применливост во реални ситуации
Да стекнат практично искуство преку симулации, ролеви игри и сценарија кои ја одразуваат реалноста на телефонската продажба.
А П Л И Ц И Р А Ј
ПРОГРАМА
1. Вовед – Комуникација како основа на продажниот циклус
- Комуникациски циклус и важноста на feedback
- Видови на комуникација (вербална, паравербална, невербална)
- Хендикепи и предности на телефонската продажба
- Телефонската продажба како модел на директна комуникација
- Активно слушање при телефонски контакт
- Управување со емоции при телефонска продажба
- Вежба: симулација на телефонски разговор
2. Карактеристики и фази на продажниот процес
- Подготовка и планирање – совети за ефективно планирање
- Отворање – креирање однос и остварување рапорт
- Prospecting / Cold Calling
- Вистинската цел на cold calling
- Надминување на фрустрацијата од одбивањето
- Најпродуктивни денови и часови за cold calling/telesales
- Техники за надминување на бариери, отпори и одбивања
- Вежба: практична симулација на cold call
3. Анализа на потреби и квалификување
- Анализа на потребите + претставување на компанијата + презентација = квалификување на клиентот
- Откривање на клиентските потреби, мотиви и приоритети
- Прашални техники – типови прашања и нивна намена
- Активно слушање и препознавање сигнали за купување
- Вежба: поставување прашања и идентификување на сигнали
4. Справување со отпори и приговори
- Објективни и субјективни бариери
5. Затворање на продажбата
- Процес на Telesales до затворање
- Техники за затворање преку телефон
- Cross-Selling и Up-Selling во телефонска продажба
- Вежба: симулација на затворање со клиент
6. Заклучоци и Евалуација
А П Л И Ц И Р А Ј
КАРАКТЕРИСТИКИ НА КУРСОТ
- Времетраење 1 day
- Студенти 15
- Оценување Да







