
15-та Академија за човечки ресурси
Горди сме на нашите студенти кои успешно ја завршија 15-тата Академија за човечки ресурси!
Во текот на Академијата, учесниците имаа можност да стекнат нови знаења и практични вештини од областа на човечките ресурси, да разменат искуства и да создадат вредни професионални контакти. Нивната посветеност, ангажираност и желба за напредок беа инспирација за сите нас.
Веруваме дека стекнатото знаење ќе им биде силна основа за успешно справување со идните професионални предизвици и дека пред нив стојат бројни успеси. Особено нè радува што Академијата создаде нови пријателства и професионална мрежа која ќе продолжи да се развива и по нејзиното завршување.
Им честитаме на сите учесници и им посакуваме многу успех, личен и професионален развој на нивниот понатамошен пат!









