Back

(1+1гратис) Електронска архива и Е-фактура

27 ноември 2026 година (вторник)
10:00 – 15:00 часот | Институт Концепт

Информации за настанот

  • Локација Институт Концепт
  • Време на почеток 10:00 am 27 ноември, 2026
  • Време на завршување 3:00 pm 27 ноември, 2026

Практична обука!

Новите законски правила за архивирање:
ЕЛЕКТРОНСКА АРХИВА И Е-ФАКТУРИ

1+1 гратис

Обуката е наменета за лица одговорни за архивирање, правници, финансиски службеници кои работат со е-фактури,

како и лица задолжени за дигитализација и електронско управување со документи.

27 октомври 2026 година (вторник)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Начин на реализација: со физичко присуство

 

А П Л И Ц И Р А Ј

 

ВОВЕД:

Новиот Закон за архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење и Правилникот за формата, содржината, начинот на водење и одржување и начинот на управување со информацискиот систем за канцелариско и архивско работење, донесени на 25 јуни 2026 година, претставуваат значаен чекор кон модернизирање на начинот на кој институциите и приватните иматели ја создаваат, обработуваат, чуваат и архивираат документацијата. Нивната примена е тесно поврзана со Законот за архивски материјал (2025) и со сè поголемото преминување кон електронско работење.
Обуката ќе биде поделена на три тематски целини, со посебен фокус на практичната примена на електронската архива, чувањето на електронски документи и поврзаноста со електронските фактури.

 

СОДРЖИНА:

1. Архивирање – законска рамка и основни принципи
Во првиот, теоретски дел, ќе бидат презентирани основните законски и подзаконски барања за канцелариско и архивско работење. Ќе бидат опфатени:

  • основните принципи на архивирање и управување со документацијата;
  • обврските на имателите на архивски материјал;
  • класификација и евидентирање на документацијата;
  • планови, листи и рокови за чување;
  • издвојување и уништување на документацијата;
  • специфичности при управување со електронски документи;
  • значењето на информацискиот систем за канцелариско и архивско работење.

2. Електронска архива – од хартиен документ до сигурно електронско чување
Ќе биде презентиран современиот пристап кон дигитализација и електронско управување со документацијата – од прием на документот, негово евидентирање и обработка, до архивирање, пребарување, контролиран пристап и долгорочно чување.
Учесниците ќе имаат можност да видат практична примена на систем за електронска архива, вклучувајќи:

  • дигитализација и внес на постојната документација;
  • организирање на документите според категории и рокови на чување;
  • верзии и следливост на документите;
  • електронско потпишување и контролирана дистрибуција;
  • управување со пристап и заштита на доверливата документација;
  • автоматско архивирање и долгорочно чување;
  • постапки за издвојување и уништување согласно утврдените рокови.

3. Електронски фактури – од прием и издавање до електронско архивирање
Посебен фокус ќе биде ставен на е-фактурите и нивното интегрирање во целосно дигитален процес. Ќе се прикаже како електронската фактура може да се прими, обработи, одобри, поврзе со останатата деловна документација и автоматски да се архивира согласно Законската регулатива: Закон за архивско работење, Закон за електронски документи и Закон за електронско фактурирање.
Практичниот дел ќе опфати:

  • прием и обработка на влезни е-фактури;
  • издавање и обработка на излезни е-фактури;
  • автоматско преземање и евидентирање на податоците;
  • контрола и спречување на дупли фактури;
  • одобрување и следење на статусот на фактурата;
  • автоматско архивирање на е-фактурите;
  • безбедно и долгорочно чување и лесно пронаоѓање на фактурите.

На овој начин, учесниците ќе добијат практичен увид како законските барања можат да се применат во секојдневното работење преку електронска архива и систем за управување со е-фактури, со цел намалување на хартиената документација, поголема ефикасност и целосна следливост на документите.

ПРЕДАВАЧИ:

1.Диме Јуруков

Поранешен заменик директор на Државниот архив на Македонија и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење.

2.Марија Андоновска

Оперативен директор од Македонски бизнис системи.

 

Целна група: 

  • лица задолжени за архивско и канцелариско работење;
  • административни и оперативни служби;
  • сметководители и финансиски служби, особено лица кои работат со е-фактури;
  • ИТ и лица задолжени за дигитализација и управување со документи;
  • правни и compliance служби;
  • раководители и менаџери кои учествуваат во организацијата на процесите за управување со документација;

Обуката е особено привлечна за организации кои се во процес на усогласување на своите процеси со новата регулатива и истовремено да воспостават практичен и ефикасен систем за електронска архива и управување со е-фактури.

 

За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување
•    закуска

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА КОТИЗАЦИЈА:

Котизацијата за еден учесник изнесува 6.000 + ДДВ.

За секое наредно лице од иста компанија котизацијата изнесува 5.500+ДДВ.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 26 октомври 2026 година.

 

А П Л И Ц И Р А Ј