Back

Практична обука за пополнување на ESG прашалник

26 ноември 2026 година (четврток)
10.00 – 15.00 часот | Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Информации за настанот

  • Цена 7.080 ден. по учесник
  • Локација Институт Концепт
  • Време на почеток 10:00 am 26 ноември, 2026
  • Време на завршување 3:00 pm 26 ноември, 2026
  • Капацитет Ограничено на 20 лица

ENVIRONMENTAL, SOCIAL & GOVERNANCE (ESG) ВО ПРАКСА:
Од разбирање до успешно пополнување на ESG прашалник

ПРАКТИЧНА ОБУКА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ESG ПРАШАЛНИК
Прв национален ESG прашалник, подготвен од страна на
банките во Македонија

26 ноември 2026 година (четврток)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ВОВЕД:

Во последните неколку години, ESG (Environmental, Social & Governance) стана една од најважните теми во деловниот свет. Сè повеќе банки, инвеститори, клиенти и меѓународни компании бараат ESG информации од своите деловни партнери, а ESG прашалниците стануваат редовен дел од деловната комуникација.

Ве покануваме на практична обука на која ќе се запознаете со ESG концептот – што претставува ESG, зошто настана, каде се применува и зошто денес е важен за компаниите без разлика на нивната големина или дејност. Ќе дознаете кој ги бара ESG податоците, како тие влијаат врз пристапот до финансии, деловните односи и конкурентноста на компанијата, како и зошто ESG станува стандард во современото работење.

Понатаму, преку практичен пристап ќе покажеме дека најголем дел од македонските компании веќе спроведуваат ESG активности, иако често не ги препознаваат како такви. Ќе ги разгледаме постојните политики, обуки, активности за безбедност и здравје при работа, усогласеност со прописите, енергетска ефикасност и односот кон заедницата.

Посебен акцент ќе биде ставен на ESG прашалникот, неговата логика, структура и начинот на оценување. Учесниците ќе имаат можност практично да работат со ESG прашалник, да се запознаат со ESG платформата и да научат како правилно да ги подготват и презентираат информациите за својата компанија.

На крајот, ESG прашалникот ќе го разгледаме како „огледало“ на компанијата, кое јасно покажува:

✅ Во кои области компанијата има добри практики
✅ Каде постојат недостатоци и можности за подобрување
✅ Кои активности треба да се преземат за повисоко ниво на ESG зрелост
✅ Како ESG да се искористи како алатка за раст, развој и поголема доверба кај клиентите, инвеститорите и деловните партнери

 

ПРОГРАМА:

1 ДЕЛ: ЗОШТО ВООПШТО КОМПАНИИТЕ ДОБИВААТ ESG ПРАШАЛНИЦИ?
Цел: Да се разбере зошто ESG прашалниците станаа редовен дел од деловната комуникација.

Прашања:

  • Што е ESG и зошто станува сè поважен?
  • Кој бара ESG информации?
  • Зошто банките, инвеститорите и големите компании испраќаат ESG прашалници?
  • Како ESG информациите влијаат врз финансирањето и деловните односи?

2 ДЕЛ: ESG ВЕЌЕ ПОСТОИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ
Цел: Да се разбере дека повеќето компании веќе имаат ESG, само не го нарекуваат така.

Прашања:

  • Дали имаме правилници и политики?
  • Дали обучуваме вработени?
  • Дали се грижиме за безбедност и здравје при работа?
  • Дали следиме потрошувачка на енергија?
  • Дали имаме механизми за усогласеност?
  • Дали имаме активности кон заедницата?

3 ДЕЛ: ESG ПРАШАЛНИКОТ КАКО АЛАТКА
Цел: Да се разбере логиката на ESG прашалникот.

Прашања:

  • Што всушност мери ESG прашалникот?
  • Зошто некои прашања бараат политики, а други податоци?
  • Што значи ESG зрелост?
  • Како се оценуваат одговорите?

4 ДЕЛ: ПОПОЛНУВАЊЕ НА ESG ПРАШАЛНИКОТ
Цел: Практична работа.

  1. Карактеристики на ESG Прашалникот
  2. Примена на ESG Прашалникот
  3. Начин на функционирање
  4. Структура на ESG Прашалникот
  • Информации за компанијата
  • Еколошки информации

– Усогласеност со регулативите
– Управување со ризиците
– Ефикасност во трошоците и оптимизација на ресурсите
– Доверба на инвеститорите
– Потрошувачка-побарувачка
– Репутација и лојалност на брендовите
– Долгорочна одржливост

  • Општествени информации

– Благосостојба и продуктивност на вработените
– Ангажман и поддршка на заедницата
– Разновидност и инклузија
– Доверба и лојалност на клиентите
– Одговорност во синџирот на снабдување
– Усогласеност со регулативите и управување со ризици

  • Управувачки информации

– Етичко управување и интегритет
– Транспарентност и отчетност
– Управување со ризици
– Состав на одборот и независност
– Усогласеност со регулативите
– Ангажман на засегнатите страни

  • Како да пристапиме на ЕСГ Платформата

5 ДЕЛ: ESG ПРАШАЛНИКОТ КАКО „ОГЛЕДАЛО“ НА КОМПАНИЈАТА
Цел: ESG прашалникот како тест што треба да се положи.

Покажува:

  • каде сме добри
  • каде имаме празнини
  • што треба да подобриме

6. ИСКУСТВО  НА ГОСТИ ПРЕДАВАЧИ ОД ДВЕ ДОМАШНИ КОМПАНИИ

 

А П Л И Ц И Р А Ј

 

ПРЕДАВАЧИ:

Богоја Китанчев

Како советник на Управен одбор и Sustainability Manger, тој го предводеше воспоставувањето на Системот за управување со еколошки и социјални аспекти (ESMS) и ESG функцијата. Неговото искуство опфаќа примена на ESG регулативата и практиките во банкарството и придонес во дефинирањето на ESG критериумите за подобност при договарање кредитни линии со меѓународни финансиски институции.

Претходно, како директор на Секторот за управување со ризици, го предводеше воспоставувањето и развојот на функцијата за управување со кредитни и некредитни ризици. Неговото раководно искуство опфаќа ESG, стратегија за управување со ризици, водење тимови и процеси и соработка со регулаторните органи. Има и ревизорско искуство и стручни обуки од областа на банкарството, финансиите, управувањето со ризици и ESG.

 

Маја Ставрева Стојанова

CESGA (Certified ESG Analyst), е Офицер за одржливост во Шпаркасе Банка Скопје со 30 години професионално искуство во банкарскиот сектор и лидерски позиции во областа на стратегијата, финансиското управување и развојот на бизнисот. Во својата сегашна улога активно работи на интеграција на ESG принципите и одржливоста во работењето на Банката, управување со регулаторните барања и унапредување на одржливото финансирање.

Нејзината експертиза ги обединува практичните аспекти на ESG имплементацијата, корпоративното управување и банкарската регулатива, што ѝ овозможува да ги пренесе ESG концептите на јасен и применлив начин.

Гости предавачи од две домашни компании

 

📌ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

Обуката е наменета за менаџери, лица од човечки ресурси, БЗР професионалци, правни служби, лица задолжени за усогласеност и сите кои учествуваат во подготовка на ESG информации и комуникација со банки, инвеститори и деловни партнери.

 

КОТИЗАЦИЈА:

Котизацијата за еден учесник изнесува 6.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 5.500 денари, плус ДДВ.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
24 ноември 2026 година.

 

А П Л И Ц И Р А Ј