Back

(1+1 гратис) Измени на законот за заштита на лични податоци

29 октомври 2026 година (четврток)
10:00 – 15:00 часот | Институт Концепт

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Цена 7.080 ден. по учесник
  • Локација Институт Концепт
  • Време на почеток 10:00 am 29 октомври, 2026
  • Време на завршување 3:00 pm 29 октомври, 2026
  • Капацитет Ограничено на 30 лица

I.   ШТО НОСАТ ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

(Нови правила за користење на AI, проценка на влијанието врз заштитата на
податоците, трансфери и нови обврски за организациите)

II.  ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ВИДЕО НАДЗОР И

III.   ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

(1+1 гратис)

29 октомври 2026 година (четврток)

10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

А П Л И Ц И Р А Ј

 

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:

Предложените измени на Законот за заштита на личните податоци претставуваат значително зајакнување и модернизирање на националната рамка за заштита на личните податоци, со особен фокус на обработката на лични податоци во контекст на вештачката интелигенција, управувањето со ризици, евиденцијата на пристап до податоци и трансферите кон трети земји. За контролорите и обработувачите, најавените измени значат зголемени обврски за документирање, процена на ризик, технички и организациски мерки и соработка со надзорниот орган.
Истовремено, Агенцијата за заштита на личните податоци добива пошироки надзорни и корективни механизми и поголема институционална независност.

На оваа обука, покрај предлог-измените на Законот за заштита на личните податоци, ќе се обработи и Законот за заштита на личните податоци со посебен осврт на видео надзор и Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци

ПРОГРАМА:

Предлог-измените на Законот за заштита на личните податоци

  • AI и лични податоци – што носат предложените законски измени?
  • Кога легитимниот интерес може да биде правен основ за AI обработка?
  • Кога AI обработката ќе бара проценка на влијанието на заштитата на личните податоци и кои ризици треба да се проценат?
  • Што се менува кај трансферите на лични податоци во трети земји?
  • Кои нови обврски ги очекуваат контролорите и обработувачите и како ќе се зајакне надзорот на АЗЛП?

Основи на заштитата на личните податоци  

  • Mапирање на работните процеси во кои се обработуваат лични податоци и изработка на каталог на збирки на лични податоци – Кои лични податоци ги обработуваме и за која цел?
  • Определување на правни основи за обработка на личните податоци – Како правилно да ја користиме согласноста и легитимниот интерес како основи за собирање и обработка на лични податоци?
  • Транспарентноста како клучен фактор – Како да постапуваме со барања од физичките лица?

Анализа на ризик на обработката на личните податоци 

  • Определување на процеси, движење на личните податоци и мерење на ризикот – Кои се ризиците од обработката на личните податоци?
  • Развицање на методологија за анализа на ризик – Кои се прашањата кои треба да одговориме за правилно да го измериме ризикот од обработката?
  • Планирање на внатрешни контроли – Како да воспоставиме контрола над обработката на личните податоци?

Видео надзор 

  • Утврдување на цели за вршење на видео надзор – Како да се подготви анализа за начинот на вршење на видео надзор?
  • Контрола над системот за вршење на видео надзор – Кои мерки да се применат за заштита на системот за видео надзор?

Обработувачи и пренос на личните податоци во друга земја 

  • Уредување на односот со обработувачите – како да се направи проценка на добар обработувач и како да договорно да се регулира одност со обработувачите?
  • Пренос на лични податоци во други земји – како да се одбере правилниот механизам за заштита на преносот на личните податоци?

Права на субјектите на личните податоци 

  • Добра пракса за постапување по барања од субјектите на личните податоци – како да се дефинира процедура за постапување по барањата на субјектите?

Дискусија и практични примери 

ПРЕДАВАЧ:

Елена Стојановска
експерт за заштита на личните податоци со петнаесетгодишно искуство во областа. Таа својата експертиза започна да ја гради како вработена во Дирекцијата за заштита на личните податоци (2005-2014) каде директно учествуваше во процесот на воспоставување на институционалната рамка но и во меѓународното вмрежување и соработка во областа на заштитата на личните податоци.  Активно работи на различни проекти кои се однесуваат на менторство и едукација за заштитата на личните податоци. Во периодот 2018 – 2020 година беше член на работната група за носење на новиот Закон за заштита на личните податоци во Министерството за правда со што активно учествуваше во процесот на усогласување на националната со европската правна рамка за заштита на личните податоци.

ЦЕЛНА ГРУПА:

•    сите кои имаат интерес за оваа тема

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
За секое пријавено лице следува едно лице гратис.

Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 25 септември 2026 година.

А П Л И Ц И Р А Ј