ВОВЕД
Повеќето грешки се прават ненамерно. Каде што има човечки труд, има грешки и тие обично се случуваат како резултат на невнимание или едноставни пропусти. Иако е човечки да се греши, погрешно е да се мисли дека грешките се неизбежни. Наместо тоа, треба да постои став дека грешките имаат свои причини и дека овие причини може да се идентификуваат и спречат.
Poka-Yoke е дел од производниот систем на Тојота и е техника која има за цел да:
• ја минимизира или целосно ја елиминира можноста за грешка и дефект како последица на грешката,
• да се намали можноста за пренесување на неисправни производи во следната фаза на производство или до крајниот корисник.
Овој систем е формализиран е од Шигео Шинго, а името потекнува од два јапонски збора: poka – што значи грешка; и yokeru – што значи да се избегне. Акцентот е ставен на елиминирање на причината за грешката, со идеја да се спречат грешки преку Poka-Yoke уредите вградувајки ги во дизајнот на производот, алатките или самиот процес на производство, и да се избегне ставањето на вина за настанатите грешки на човекот. Целта е да се воспостави механизам што ја спречува грешката, или ја прави очигледна и лесно забележлива. Како резултат, имаме производство со нула дефекти, и намалување на трошоците за производство и времето на производство преку намалување или елиминирање на последователната контрола на квалитетот.
АГЕНДА
- Разбирање на грешките и причините за грешките
- Разбирање на видовите човечки грешки
- Дефекти како последица на грешки
- Систем Poka-Yoke за спречување на грешки и отстранување на нивните причини
- Мотиви за воспоставување на системот Poka-Yoke
- Класификација на различни Poka-Yoke методи
- Дефинирање на елементите на добар Poka-Yoke уред
- Практични примери за различни Poka-Yoke уреди
ЦЕЛНА ГРУПА
Целна група на обуката се машински оператори, менаџери, менаџери на средно ниво и сите заинтересирани за оваа област.
А П Л И Ц И Р А Ј
КАРАКТЕРИСТИКИ НА КУРСОТ
- Времетраење 25 часа
- Студенти 25
- Оценување Да







