Академијата ќе се реализира со физичко присуство, со можност за следење и online, а за сите пропуштени предавања се добива снимен материјал.
ЗОШТО ДА ЈА ОДБЕРЕТЕ НАШАТА АКАДЕМИЈА?
Ова е 16-та Академија за човечки ресурси во организација на Институт КОНЦЕПТ!
Повеќе од 500 студенти успешно ја завршија нашата Академија!
Нивното задоволство и успех го следни нашиот Кариерен центар!
Сите алумни студенти се многу успешни! (Тие го зголемија нивното знаење, го применија во организациите, тие беа унапредени на подобри позиции, мигрираа во други организации и конечно невработените се вработија!)
Институт КОНЦЕПТ, постојано ги информира своите студенти за отворени позиции во компаниите кои се дел од партнерите!
ДА СЕ ВРАБОТИШ ВО СЕКТОРОТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРИ НЕ Е ТЕШКО БИДЕЈЌИ Е АКТУЕЛНА ПРОФЕСИЈА! ПОТРЕБНО Е САМО ЗНАЕЊЕ!
Институт КОНЦЕПТ, преку Акредитираната програма од Министерство за образование и наука, гарантира сеопфaтна програма, соодветни предавачи, многу прaктична работа и одлични услови за реализација на академијата!
Во таа насока, Институт КОНЦЕПТ по 16 – ти пат ја организира АКАДЕМИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ, која преку 11 модули ја затвора целината на комплетно изграден менаџер за човечки ресурси
Програмата на Академијата предвидува 70% практична работа и вежби на реални примери и проекти и опфаќа еден месец менторска работа.
После секоја тематска целина студентите ќе поминат тестирање што ќе биде гарант за нивото на владеење на материјата, додека на крај со проектна задача ќе ја одбранат официјалната диплома.
Програмата на Академијата е верифицирана од Министерството за образование и наука, а дипломата е официјално призната во земјава.
ШТО ДОБИВАТЕ!
- акредитирана програма од МОН
- врвни предавачи
- богати материјали
- физичко присуство
- можност за следење на предавањата online
- пристап до снимени предавања
- 70% практична работа
- работа на реални проекти
- завршен проект
- 2 сертификати
- сертификат признат од МОН
- сертификат на аглиски јазик од Институт Концепт
- 30 дена менторска работа по завршување на акедмијата
- бесплатни обуки во вредност од 300 евра
- пристап до нашиот кариерен центар со можност за пракса и вработување
- можност за плаќање на 12 рати
- 20% попуст за рана пријава!
- ХР кафе за сите алумни студенти за академијата за ХР
– 96 училишни часа,
– 12 недели,
– 2 средби неделно,
– 1 месец менторска работа.
По завршувањето на Академијата студентите ќе бидат оспособени за:
- Изработка на стратегиски план за управување со човечки ресурси.
- Подготовка на систематизација и организациона шема со опис на работни места.
- Изготвување на оглас и избор на соодветни медиуми.
- Спроведување на интервју и подготовка на прашалници.
- Спроведување на психолошки тестови.
- Досие – водење евиденција за секој вработен за перформанси, помината обука, плата, надоместоци, работни часови, искористени денови од одмор и сл.
- Студија на случај – мерење на учинок.
- Изработување на договор за вработување (елементи на договори).
- Изработување на оглас за потребите на АВРМ.
- Прибирање на документи за пријава и одјава на вработени.
- Изготвување на прашалник за мерење на степен на задоволство кај вработените, план за финансиска мотивација и план за нефинансиска мотивација.
- Изработка на план за обука и тренинг на вработени.
- Пресметка на нето и бруто плата.
- Огласување преку социјални мрежи.
МОДУЛИ:
МОДУЛ 1: Општи и правни аспекти на управувањето со човечки ресурси
МОДУЛ 2: Следење на работна успешност на вработени (Performance Management)
МОДУЛ 3: Мотивирање и наградување на вработените
МОДУЛ 4: Едукација и развој на кадри и управување со таленти (Talent Management)
МОДУЛ 5: Employer Branding
МОДУЛ 6: Регрутација и селекција на кандидати
МОДУЛ 7: Пресметка на плата и надоместоци од плата
МОДУЛ 8: Управување со човечки ресурси и новите технологии
МОДУЛ 9: Стратегиски менаџмент на човечки ресурси
МОДУЛ 10: Користење на AI (вештачка интелигенција) во секторот за човечки ресурси
МОДУЛ 11: Софтверски решенија за ефикасно управување на човечките ресурси
Работа на реален проект поставен од еден од партнерите на Академијата
Завршен испит-Студија на случај воден од главниот ментор на Академијата
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата изнесува 65.000 денари + ДДВ.
За рана пријава, следуваат 20% попуст, односно 52.000 ден + ДДВ.
За физичките лица Институт КОНЦЕПТ обезбедува можност за плаќање на 12 рати.
За студенти следува попуст од 20%.
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 1 октомври 2026 година.
За сите дополнителни информации во врска со Академијата контактирајте не’ на:
телефон: ++ 389 70 272 207
e-mail: [email protected]
Секој модул го предаваат врвни тренери!

д-р Лазар Јовевски
професор на Правниот факултет Јустинијан Први, УКИМ – Скопје
Д-р Јовевски е професор во областа на трудовото право, социјалното право и социјалната политика, меѓународно трудово право, европско социјално право, право на безбедност и заштита при работа, синдикално право, индустриски односи и антидискриминациско право. Во рамките на научната работа Јовевски досега има напишано повеќе од 150 научни и стручни трудови, учество со сопствени излагања на бројни национални и меѓународни конференции. Спровел повеќе од 300 обуки, работилници, семинари и советувања. Покрај тоа Јовевски е автор на 15 книги.

Катарина Тасевски
Оперативен директор во ДЕКРА Македонија
Веќе 10 години дел од најголемата агенција за услуги во доменот на човечки ресурси, DEKRA ARBEIT MACEDONIA, како специјалист во повеќе области, меѓу кои регрутација и селекција на кадри.

Ана Дукиќ
HR консултант, TalentOnTime
Дипломиран психолог со повеќе од една деценија искуство во управување со човечки ресурси, со посебен фокус на регрутација и селекција на таленти, развој на луѓе и организациска култура. Во моментот работи како независен HR Консултант и преку практична работа и менторирање им помага на компании и индивидуи од домашниот и интернационалниот пазар да градат успешни тимови, да ги оптимизираат HR процесите и да го поттикнат развојот на вработените.

Михаил Китановски
Интернационален консултант, бизнис експерт и управител на Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје
Mихаил Kитановски е експерт и обучувач за менаџмент со човечки ресурси, организациски и деловен развој. Интернационален бизнис и менаџмент консултант во 38 земји, со 30 годишно искуство за повеќе од 1000 клиенти во 80 индустрии и воедно управител на Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје.

Јована Тозија Велковска
Продукт менаџер, Cintra HR & Payroll Services
Дипломиран инженер по електротехника со долго годишно професионално искуство во развој и имплементација на дигитални продукти и платформи, како и во интеграција на комплексни софтверски системи. Во моментов е дел од тимот на Cintra HR & Payroll, водечка англиска компанија специјализирана за интегрирани SaaS решенија во областа на HR и пресметка на плати. Нејзиниот главен фокус е насочен кон развој и унапредување на AI продукти и функционалности во рамките на постоечката палета на решенија што компанијата ги нуди. Со тоа придонесува за дигитална трансформација на HR и payroll процесите.

Александра Иванова
Овластен сметководител, сопственик и управител на Друштво за економско – правни услуги АНДРЕЕВА КОНСАЛТИНГ
Дипломиран економист на департман Сметководство и ревизија на Економски факултет при УКИМ во Скопје, која во текот на своето професионално искуство обезбедува сметководствени и консултантски услуги за бројни компании од различни сектори. со 15 годишно искуство во дејноста, а 10 години сопственик и управител на Друштво за економско – правни услуги АНДРЕЕВА КОНСАЛТИНГ од Велес, Континуирано се залага за унапредување на сметководствената професија и како активен член на Управен одбор на Комора на сметководители на Македонија.
