Back

Дводневна обука: Графички дизајн со вештачка интелигенција (Midjourney)

Незаменлива алатка за впечатливи дизајни!

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Цена 7.080 ден. по учесник
  • Локација Институт КОНЦЕПТ, Скопје
  • Време на почеток 10:00 am 8 октомври, 2026
  • Време на завршување 3:00 pm 9 октомври, 2026
  • Капацитет Ограничено на 20 лица
8 – 9 октомври 2026 година
четврток и петок, 10:00-15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопјe
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:

Во денешниот свет на брзи технолошки иновации, вештачката интелигенција (AI) станува незаменлива алатка во различни полиња, вклучувајќи го и графичкиот дизајн. Оваа обука е насочен кон истражување на можностите кои ги овозможува AI, користејќи ја платформата Midјourney, за креирање впечатливи и уникатни визуелни дела.

Статистиките покажуваат дека користењето на AI во графичкиот дизајн расте со забрзано темпо. Според истражувањата од Design Week, над 60% од графички дизајнери користат AI алатки во нивната работа. Понатаму, AI-проекти како Midјourney помагаат на 90% од дизајнерите да ја зголемат продуктивноста и креативноста на нивните проекти. Ова значително влијае на нивната способност да креираат уникатни и иновативни дизајни во многу пократко време.

Според прогнози од индустријата, најмалку 50% од сите креативни проекти ќе бидат поддржани или целосно креирани од AI до 2030 година. Овој пораст е воден од зголемената ефикасност и иновативност што AI технологиите ги овозможуваат во креативните процеси. Исто така AI алатки како Midјourney можат да го зголемат темпото на креирање дизајни за дури до 70% во споредба со традиционалните методи.

Со тоа, оваа обука ќе ви овозможи да ги искористите најновите технолошки достигнувања во AI за да создавојте извонредни и впечатливи графички дизајни. Со нетрпение очекуваме да се приклучите на нашето патување низ светот на графичкиот дизајн со вештачка интелигенција!

 

А П Л И Ц И Р А Ј

 

МОДУЛИ:

МОДУЛ 1: Поставувањa

МОДУЛ 2: Почетно ниво со Midjourney

МОДУЛ 3: Истражување на стилови во Midjourney

МОДУЛ 4: Средно ниво на Midjourney

МОДУЛ 5: Midjourney и Discord

МОДУЛ 6: Напредно Midjourney

МОДУЛ 7: Други идеи

Завршен проект

 

ПРЕДАВАЧ:

Николај Томашевски

Сениор графички дизајнер, долгогодишен креативен директор на Kapital Media Group и основач и сопственик на студиото за графички дизајн Infinity Design.

Специјалист за програмски софтвери за развивање на веб страни, графички дизајн и анимација на Adobe и Autodesk за изработка на креативни решенија за принт, електронска комуникација и дизајни за социјални мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn…)

Во своето портфолио има голем број на проекти од полето на media & publishing, визуелизација на ивенти и конференции, креативи за маркетинг и адвертајзинг кампањи од доменот на уметноста, издаваштвото и економијата.

 

А П Л И Ц И Р А Ј

 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 

Оваа обука за графички дизајн со вештачка интелигенција (Midjourney) е наменета за:

  1. Професионални графички дизајнери
  2. Аматери и ентузијасти
  3. Маркетинг професионалци
  4. Студенти и ученици
  5. Бизнис сопственици и старт-апи

Обуката е дизајнирана за да биде пристапна и корисна за секој кој сака да ги искористи моќите на вештачката интелигенција за да создава уникатни и професионални графички дизајни. Независно од тоа дали сте веќе искусен дизајнер или само започнувате со својата креативна авантура, оваа обука нуди вредни знаења и методи кои можат да ви помогнат да ги остварите вашите цели.

 

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА:

6000 ден. (плус 18% ДДВ)

Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
1 октомври 2026 година.

 

А П Л И Ц И Р А Ј