ПРАКТИЧНА ОБУКА ЗА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ И
(Закон за енергетика)
НОВИНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Постапки за поставување и приклучување батерии, нивно практично функционирање
и нови модели за производство, користење и споделување енергија од
обновливи извори на енергија
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Начин на реализација: со физичко присуство
Цели на обуката:
Обуката е поделена на два дела. Во првиот дел се обработуваат постапките од Законот за енергетика за поставување, изградба и приклучување батериски системи, нивниот тарифен и пазарен третман, како и начинот на кој батериите функционираат во практиката.
Вториот дел е посветен на суштинските новини од Законот за обновливи извори на енергија (ОИЕ): потрошувач-производител, активен потрошувач, колективен потрошувач-производител, споделување енергија, заедници на ОИЕ и нови договорни модели.
Клучни прашања на кои одговара обуката
- Правен модел: Кога батеријата е дел од електроцентрала, систем за сопствени потреби или самостојно складиште?
- Постапка: Кои чекори се спроведуваат за овластување, одобрение за градење, приклучување, лиценца и пазарно работење?
- Приклучување и тарифи: Како се приклучува батеријата и кои надоместоци важат при преземање и предавање електрична енергија?
- Функционирање: Што значат MW и MWh, како се полни и празни батеријата и како се пресметуваат загубите и расположливата енергија?
- Нови модели од Законот за ОИЕ: Кои можности ги отвораат потрошувачот-производител, споделувањето енергија и заедниците на ОИЕ?
Што добиваат учесниците:
- Јасна карта на законската постапка за поставување, приклучување и пазарно работење на батериски систем.
- Практично разбирање на моќноста, капацитетот, загубите и начините на користење на батеријата.
- Преглед на новите можности за потрошувачи-производители, споделување енергија и заедници на ОИЕ.
- Клучна правна основа: Законот за енергетика, особено членовите 74, 87-93, 99-100, 130, 181 и 182, и Законот за обновливи извори на енергија, особено членовите 51-63.
Содржина:
1 ДЕЛ: БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА
1. Правен статус и модели на поставување батериски систем
- Четири законски модели: Самостојно складиште; складиште како дел од електроцентрала од најмалку 1 MW; складиште како дел од електроцентрала под 1 MW; целосно интегрирана мрежна компонента (член 130).
- Постоечки или нов објект: Кога батеријата се додава на постоечка електроцентрала, а кога е дел од постапката за нов енергетски објект.
- Овластување и лиценца: Кога се потребни и кои законски изземања важат за сопствени потреби, интегриран систем и активен потрошувач.
- Обврска кај променливи ОИЕ: Складиште со моќност од 20% од моќноста на електроцентралата и најмалку двочасовен циклус, согласно член 87 став 15.
- Интегриран систем: Кога складиштето до 40% од моќноста на електроцентралата се смета за интегрирано и работи во рамките на одобрената моќност на приклучокот.
2. Постапка за поставување и изградба
- Класификација на проектот: Определување на видот на складиштето, моќноста, поврзаноста со електроцентралата и применливата постапка.
- Планирање и овластување: Годишниот план за изградба на енергетски објекти, иницијативата на инвеститорот, овластувањето за изградба и врската со одобрението за градење.
- Гаранција за изградба: Кога во постапката се доставува банкарска гаранција или депозит од 25.000 евра по MW согласно член 93.
- Додавање батерија на постоечка централа: Проверка дали се менуваат овластувањето, одобрението, решението за приклучување, одобрената моќност, мерењето и договорите.
- Пуштање во работа: Лиценца или законско изземање, пазарна регистрација, договори и уредување на балансната одговорност.
3. Приклучување, тарифен третман и пазарно работење
- Начин на приклучување: Батерија зад броило, батерија преку заедничкиот приклучок на електроцентралата или самостојно складиште со посебен приклучок.
- Постапка за приклучување: Барање до операторот, анализа на мрежните услови, решение за приклучување, одобрена моќност и евентуално зајакнување на мрежата, согласно мрежните правила.
- Тарифен систем и надоместоци: Надоместок за приклучување и мрежни надоместоци при преземање и предавање енергија, како и случаите во кои активниот потрошувач не подлежи на двојни надоместоци.
- Пазарна улога: При купување електрична енергија операторот на складиште има права и обврски како потрошувач, а при продажба како производител; можни се агрегација, балансирање и системски услуги.
4. Како функционираат батериите во практиката
- Основни величини: Разлика меѓу MW и MWh, траење на празнењето, состојба на наполнетост, длабочина на празнење и употреблив капацитет.
- Полнење и празнење: Како батеријата презема, складира и повторно предава електрична енергија и каде настануваат загубите.
- Начини на користење: Зголемување на сопствената потрошувачка, намалување на врвната моќност, ценовна арбитража, намалување на ограничувањето на производството, резерви и системски услуги.
- Практична пресметка: Од номинален до употреблив капацитет, енергија по циклус, трошок за полнење, приход од празнење, загуби, надоместоци и очекувана маржа.
Практична карта на постапката
Класификација на проектот → план и овластување → приклучување → одобрение за градење → лиценца и пазар
2 ДЕЛ: НОВИНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
5. Нови модели за производство, користење и споделување енергија
- Потрошувач-производител: Право да произведува за сопствени потреби, да складира енергија и да го продава вишокот, со задржување на правата како краен потрошувач (член 51).
- Договор со снабдувач: Снабдување, пресметка, порамнување и откуп на електрична енергија, мерење на преземената и предадената енергија и вреднување на вишокот.
- Активни потрошувачи и споделување: Можност домаќинства, мали и средни претпријатија и јавни институции да споделуваат енергија преку меѓусебни договори или организатор (член 53).
- Колективен потрошувач-производител: Најмалку два потрошувачи-производители во иста зграда или станбен комплекс, со договорена распределба на производството и паметно мерење (член 60).
- Заедница на ОИЕ: Заедницата може да произведува, користи, складира, продава и распределува енергија меѓу членовите и да настапува на пазарот самостојно или преку агрегатор (членови 61 и 62).
- Договори и подзаконски правила: Договорите за купопродажба на електрична енергија и новите правила што треба да ги доуредат максималната моќност, пресметката на вишокот, регистрите и распределбата кај колективните потрошувачи-производители.
6. Прашања
- Отворена дискусија: Прашања за батериски системи, потрошувачи-производители, споделување енергија и заедници на ОИЕ.
А П Л И Ц И Р А Ј
Предавач:
Виктор Андонов
е енергетски експерт со повеќе од 19 години професионално искуство во енергетскиот сектор во Македонија, со конкретно искуство во имплементација на европските енергетски политикии во домашното енергетско законодавство, посебно во делот на обновливите извори на енергија и развојот на стратешки инвестиции.
Бил посебен советник за енергетика на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економските политики, советник за енергетика на Претседателот на Владата, член на Економскиот совет на Владата, како и член на Управниот одбор и директор за развој и инвестиции во АД ЕСМ.
Учествувал во подготовката и реализацијата на повеќе значајни енергетски политики и проекти во соработка со домашни институции, меѓународни финансиски институции и приватни инвеститори. Учестувал во спроведувањето на првите транспарентни постапки за доделување на премиум тарифи за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште.
За кого е наменета обуката:
- Компании што веќе имаат фотонапонска централа
- Инвеститори во нови проекти
- Развивачи на проекти
- Енергетски раководители
- Единици на локална самоуправа
- Финансиски институции
- Советници
За сите учесници ќе биде обезбедено:
• работен материјал
• сертификат за присуство
• кафе и освежување
• закуска
Котизацијата за еден учесник изнесува 6.000 + ДДВ.
За секое наредно лице од истата компанија котизацијата изнесува 5.500 денари + ДДВ.
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 2 ноември 2026 година.
А П Л И Ц И Р А Ј
