22 октомври 2026 година (четврток)
10.00 – 16.00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
(1+1 гратис!)
А П Л И Ц И Р А Ј
ВОВЕД:
Работата во телефонскиот центар понекогаш е доволно тешка, но разбирањето и практикувањето на ставовите ориентирани кон клиентите и користењето различни пристапи кон сценаријата засновани на услуги на клиентите може да помогнат да вработените во контакт центрите ја завршат својата работа, и на нивно задоволство и на задоволство на клиентот.
Работата во телефонскиот центар станува потешка и постресна кога вработените во контакт центарот потребно е да се справуват со клиенти кои барат повеќе, клиенти кои од било кои причини не се задоволни од одредени услови, клиенти кои се лутат и слично.
Решавањето на поплаките на клиентите е најголемиот дел од работата за агентот на центарот за повици. Вработениот во контакт центарот оди долг пат кон појаснување, дообјаснување и кон решавање на некој предизвик кој го бара клиентот.
Во оваа обука, ќе ви понудиме основни пристапи за секое од овие прашања.
ЦЕЛТА НА ОВАА ОБУКАТА:
Обуката ќе ги оснажи агентите кои работат на контакт телефонската линија успешно да се справат со предизвиците на работното место преку усвојување на вештините и методите за функционална телефонска комуникација и поддршка на клиенти.
ОБУКАТА ОВОЗМОЖУВА ДА СТЕКНЕТЕ ЗНАЕЊА ЗА:
- вештини во комуникација кои ќе им дадат функционално канализирање на разговорот преку емпатичност, внимателно активно слушање, љубезност,
- вештина за јасно дефинирање на потребата,
- вештина за понудување на повеќе можности за конкретната ситуација на клиентот,
- учење на начини за справување со стресната ситуација која е резултат на повишен тон, закани или други облици на вербална нефункционална агресивна комуникација,
- развивање на компетенција за свесност за причината зошто клиентите може да бидат фрустрирани, тешки или вознемирени.
- како да се справите со клиенти кои се од другата страна на телефонската линија, а кои од било која причина за нив најзначајна во моментот, бараат одговор на она што кај нив е проблем,
- како да практикувате вештини за справување со предизвикот на клиентите, преку практични примери и усвојување на знаење, односно, што е потребно да се каже во било која ситуација која е пред вас.
ПРОГРАМА:
Кратка дискусија: „Што значи тешки клиенти?“ – искуства од учесниците
Модул 1: Основи на телефонска комуникација и поддршка
🔹 Клучни принципи на телефонска комуникација
-Вербална јасност, тон, темпо и паузи
-Активно слушање преку телефон (без визуелни сигнали)
-Љубезност, емпатија и професионален речник
🔹 Дефинирање на потребата и понуда на решенија
-Како да се поставуваат прашања за да се разбере суштината
-Техники за рефразирање и потврда на разбирање
-Понуда на повеќе опции: флексибилност и избор
Вежба: „Гласовна мапа“
Учесниците добиваат сценарио со клиент и треба преку телефонска симулација да го водат разговорот од поздрав до понуда на решение
Цел: Да се вежба јасност, емпатија и структурирање на разговорот
Повратна информација од групата и обучувачот
Модул 2: Справување со тешки клиенти и стресни ситуации
🔹 Разбирање на фрустрацијата кај клиентот
-Причини за агресија, незадоволство или притисок
-Како да се одвои личното од професионалното
-Внатрешна стабилност и контрола на емоции
🔹 Техники за деескалација и управување со конфликт
-Како да реагираме на повишен тон, закани или манипулации
-Фрази кои смируваат, не поттикнуваат
-Кога да се прекине разговорот и како да се пренасочи
Вежба: „Телефонски предизвик“
Симулација на разговор со тешки клиентски сценарија (незадоволен купувач, клиент со закани, клиент со нејасни барања)
Учесниците ротираат улоги: оператор, клиент, набљудувач
Цел: Да се вежба смирување, фокусирање и професионално справување
🎯 Завршна сесија: Рефлексија и акционен план
Што научивме и што ќе примениме веднаш?
Индивидуален план: „Мојот телефонски стил – што ќе подобрам?“
Завршна дискусија и евалуација
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
вработени кои даваат услуги преку телефонска линија и кои имаат за цел задоволни клиенти и вработени.
ПРЕДАВАЧ:
Виолета Георгиевска – Дипл. Психолог, Системски Семеен Психотераевт, Трансакциски Аналитичар, Сертифициран обучувач на возрасни, Креатор и Програмски коосновач и тренер на Академија за развој на Лидерски вештини- Ourmind (Акредитирана од Министерство за Образование на РСМ) со посебен осврт на на значајноста на вештините за асертивна комуникација во меѓучовечките односи, емпатија, тимска работа, менацирање на време, менаџирање на стрес, работа со тешки клиенти, презентациски вештини и влијателен настап. Тренер за развој на родителски компетенции во работа со деца и семејство по PRIDE методологина, Коуч за областа на Лидерство и Организациски менаџмент
Во догогодишна професионална кариера, работи во повеќе области: селекција и ориентација на вработени, психолошко тестирање и психодијагностика, во сферите на индустрија, здравство и социјала, работа на платформа на ментално здравје и личен развој Our Mind. Во индивидуална сфера работи обуки за компании, индивидуален коуч, психотерапија, застапување и лобирање. Панелиста на теми за Толеранција (Inner Клуб Скопје Еуропеа 2022 г.) и Влијанието на трауми (Новак Ѓоковиќ Фондација 2023 г.).
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
За едно пријавено лице следи учество на едно лице гратис.
Во цената е вклучено:
• работен материјал
• сертификат за присуство
• кафе и освежување
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 20 октомври 2026 година.
А П Л И Ц И Р А Ј
