Back

(1+1 гратис) Комуникациски вештини, емоционалната интелигенција и тимската соработка

 23 ноември 2026 (понеделник)
 10:00 – 15:00 часот | Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Информации за настанот

  • Цена 70.080 ден. по учесник
  • Локација Институт КОНЦЕПТ, Скопје
  • Време на почеток 10:00 am 23 ноември, 2026
  • Време на завршување 4:00 pm 23 ноември, 2026
  • Капацитет Ограничено на 20 лица

КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И
ТИМСКАТА СОРАБОТКА

Практична обука за современи организации и успешни тимови

(1+1 гратис)

 

Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
 23 ноември 2026 година (понеделник)
 10:00 – 16:00 часот
 Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

Цели на обуката:

Во современото работно опкружување,  едни од најважните вештини  за професионален успех се ефективната комуникација, емоционалната интелигенција, способноста за соработка и градењето квалитетни меѓучовечки односи.
Начинот на кој комуницираме, реагираме во стресни ситуации, управуваме со сопствените емоции и се однесуваме кон другите директно влијае врз атмосферата во тимот, довербата, мотивацијата и резултатите во организацијата.

Оваа практична и интерактивна обука е дизајнирана да им помогне на учесниците да развијат:

  • професионална и самоуверена комуникација,
  • поголема емоционална свесност и контрола,
  • асертивен пристап во комуникацијата,
  • подобра соработка и доверба во тимот,
  • вештини за справување со конфликтни и предизвикувачки ситуации.

Преку современ пристап, интерактивни активности, реални примери и практични вежби, учесниците ќе стекнат конкретни алатки и техники кои веднаш можат да ги применат во секојдневната работа.
Обуката е фокусирана на развој на „soft skills“ — комуникациски и интерперсонални вештини кои денес се едни од најбараните професионални компетенции во секоја организација.
 
Цел на обуката
Развивање на професионална комуникација, емоционална интелигенција и асертивен пристап, со цел подобра тимска соработка, поуспешни меѓучовечки односи и позитивна работна атмосфера.

Што ќе добијат учесниците?

✔ Подобра и појасна комуникација со колеги и клиенти
✔ Поголема самодоверба во професионалната комуникација
✔ Развивање на емоционална интелигенција и самоконтрола
✔ Техники за асертивна комуникација и поставување граници
✔ Подобро справување со конфликти и стресни ситуации
✔ Развивање активно слушање и емпатија
✔ Подобра тимска соработка и меѓусебна доверба
✔ Практични алатки за комуникација во секојдневната работа

 

Методологија на работа:

 

Обуката е практично и интерактивно дизајнирана, со фокус на активно учество и примена на наученото во реални работни ситуации.
✔ 70% практична работа
  • интерактивни вежби,
  • тимски активности,
  • дискусии,
  • симулации,
  • анализа на реални ситуации,
  • индивидуална работа, работа во парови и групи.
✔ 30% кратки теоретски инпути
Теоретскиот дел е концизен, динамичен и директно поврзан со практичните активности, со цел учесниците полесно да ги разберат и применат комуникациските техники и алатки.

 

А П Л И Ц И Р А Ј

 

Содржина:

 

1. Вовед во обуката

  • Запознавање со учесниците
  • Очекувања од обуката
  • Методологија и начин на работа
  • Воведни интерактивни активности

2. Моќта на комуникацијата во современото работно опкружување

  • Зошто комуникацијата е клучна за успех?
  • Најчести комуникациски бариери
  • Вербална и невербална комуникација
  • Различни комуникациски стилови
  • Каков впечаток оставаме?
  • Практични вежби и дискусија

3. Емоционална интелигенција во комуникацијата и тимската работа

  • Разбирање и препознавање на сопствените емоции
  • Емоции и професионална комуникација
  • Самоконтрола во стресни ситуации
  • Разбирање на другите и развивање емпатија
  • Како да избегнеме недоразбирања и импулсивни реакции?
  • Интерактивни активности и вежби

4. Тимска комуникација и градење доверба

  • Што го прави еден тим успешен?
  • Доверба, почит и поддршка во тимот
  • Позитивна и мотивирачка комуникација
  • Подобра соработка помеѓу колегите
  • Тимски активности и практични вежби

5. Асертивна комуникација и справување со конфликти

  • Што е асертивна комуникација?
  • Како јасно и професионално да се изразиме
  • Како да поставиме граници со почит
  • Давање и примање критика
  • Справување со конфликтни ситуации
  • Како да кажеме „не“ без чувство на вина?
  • Практични примери и вежби

6. Комуникација со „тешки“ клиенти и предизвикувачки ситуации

  • Различни типови клиенти и реакции
  • Смирена и професионална комуникација под притисок
  • Управување со емоции во тешки разговори
  • Решавање проблеми и задржување професионален однос
  • Практични симулации и работа на реални ситуации

7. Завршни активности и евалуација

  • Рефлексија и заклучоци
  • Feedback од учесниците
  • Евалуациски прашалник
  • Доделување сертификати

 

Предавач:

Виолета Георгиевска – Дипл. Психолог, Системски Семеен Психотерапевт, Трансакциски Аналитичар, Сертифициран обучувач на возрасни, Креатор и Програмски коосновач и тренер на Академија за развој на Лидерски вештини- Ourmind (Акредитирана од Министерство за Образование на РСМ) со посебен осврт на на значајноста на вештините за асертивна комуникација во меѓучовечките односи, емпатија, тимска работа, менацирање на време, менаџирање на стрес, работа со тешки клиенти, презентациски вештини и влијателен настап. Tренер за развој на родителски компетенции во работа со деца и семејство по PRIDE методологина, Коуч за областа на Лидерство и Организациски менаџмент
 
Во долгогодишна професионална кариера, работи во повеќе области: селекција и ориентација на вработени, психолошко тестирање и психодијагностика, во сферите на индустрија, здравство и социјала, работа на платформа на ментално здравје и личен развој Our Mind. Во индивидуална сфера работи обуки за компании, индивидуален коуч, психотерапија, застапување и лобирање. Панелиста на теми за Толеранција (Inner Клуб Скопје Еуропеа 2022 г.) и Влијанието на трауми (Новак Ѓоковиќ Фондација 2023 г.).

 

Целна група:

  • вработени во приватен и јавен сектор,
  • деловни асистенти
  • административен персонал,
  • членови на тимови и координатори,
  • менаџери и раководители,
  • професионалци кои работат со луѓе,
  • сите кои сакаат да ги унапредат своите комуникациски, тимски вештини и вештините на емоционалната интелигенција.

 

 За сите учесници ќе биде обезбедено:
•   работен материјал; 
•  сертификат за стручно усовршување
Котизацијата  изнесува 6.000 ден. плус ДДВ.
За секое пријавено лице, може да учествува 1 лице гратис.Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
20 ноември 2026 година.