-РЕГУЛАТИВА
-ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ ОД ПЛАТИ
-ПРЕСМЕТКА НА ДНЕВНИЦИ ЗА СЛУЖБЕН ПАТ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО
-БЛАГАЈНА, РАБОТЕН ОДНОС
-МИРУВАЊЕ, НЕПЛАТЕНО ОТСУСТВО И ДРУГО
Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
20 ноември 2026 година (петок)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
А П Л И Ц И Р А Ј
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:
е стекнување на теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува исплатата на плати, надоместоци на вработените, денарско и девизно благајничко работење.
Со синергија на законската регулатива која ги уредува исплатата на платите, надоместоците од плати и благајничкото работење, како и даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадените теми во изминатите години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област.
Главен приоритет на обуката ќе биде управување со ризици од неправилности заради неправилна примена на законските и подзаконските одредби како и намалување и управување со ризикот од изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции.
На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата на плати, надоместоци, дневници за службени патувања во земјата и странство и управување со која законски оформена документација се врши исплата/уплата на готовински пари, сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум.
Исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите (процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива.
Правилна примена на одредбите од законската регулатива која ја регулира материја на исплата на плати и надоместоци од плати, благајничкото работење како и Законотот за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Клучни карактеристики на обуката:
- Регулатива;
- Подготвување на извештај за готовински тек;
- Пресметка на плати и надоместоци од плати;
- Пресметка на дневници за службен пат во земјата;
- Пресметка на дневници за службен пат во странство;
- Благајна за материјални трошоци, благајнички извештај, фискални сметки, правилно пополнети како доказ дека истите се во функција на вршење на дејноста низ призма на даночна регулатива;
- Капитални добивки од удели и хартии од вредност и од продажба на движни и недвижни ствари
А П Л И Ц И Р А Ј
ПРОГРАМА:
Прв дел – Задолжителни Правилници и акти на работодавачот
– Суштински елементи на Договорот за вработување и други договори за ангажирани лица;
– Евиденции според Законот за евиденции од областа на трудот;
– Правилник за работни односи и правилтници за внатрешна организација и систематизација на работни места и Колективни договори
Работен однос – Мирување, неплатено отсуство, затекнување на работно место на непријавено лице.
Втор дел – Плата и надоместоци на плата
– Плата согласно Законот за работни односи;
– Начин на исплата на плата;
– Задржување и порамнување на исплаќањето на плата;
– Надоместоци од и на плата;
– Колективните договори како правна рамка за утврдување на плата на вработените;
Боледување; Годишен одмор; Платен вонреден одмор; Прекин на работниот процес од деловни причини; Празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис и други случаи утврдени со колективен договор на ниво на дејност односно на ниво на работодавач.
Трет дел – Извештаи за готовинско работење и сметководствена евиденција
Извештаи за готовински тек и остарување на приходи од капитални добивки
- Благајнички извештај за материјални и патни трошоци;
- Девизен благајнички извештај – двојна евиденција во девизи и во денарска противвредност.
Надоместоци на дневници и трошоци за службени патувања согласно регулативата во РСМ
ПРЕДАВАЧ:
Експерт од соодветната облаат.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
вработени во финансиски сектор, сметководство, благајна и лица кои имаат интерес за оваа тема.
Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)
Во цената е вклучено:
• работен материјал
• сертификат за присуство
• кафе и освежување
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 19 ноември 2026 година.
