ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:
-
Запознавање со ризиците и нивната улога во организацискиот контекст
Учесниците ќе стекнат основно разбирање за различните видови на ризици (стратешки, оперативни, финансиски, правни, еколошки и други) и нивното потенцијално влијание врз постигнувањето на организациските цели. -
Анализа и евалуација на ризиците
Ќе се опфатат методи и техники за идентификување на ризици, процена на веројатноста и влијанието, како и приоретизирање на ризиците врз основа на нивото на изложеност. -
Разработка на методологии за проценка на ризик
Ќе се дефинираат чекори и алатки за ефективна проценка на ризици, вклучувајќи квантитативни и квалитативни пристапи, како и критериуми за прифаќање на ризик. -
Воспоставување механизми за следење и управување со ризици
Ќе се разработат стратегии и механизми за континуирано следење, известување и ажурирање на ризичниот профил на организацијата, со цел проактивно управување и минимизирање на негативните последици.
А П Л И Ц И Р А Ј
АГЕНДА:
ДЕН 1: Основи на управувањето со ризик и воспоставување рамка
-
Концепти и дефиниции од управување со ризикот
- Разгледување на основните поими: ризик, несигурност, изложеност, апетит и толеранција на ризик
- Разлика меѓу реактивен и проактивен пристап во управување со ризици
-
Вежба 1 – Личен vs. организациски апетит за ризик
- Индивидуална и групна рефлексија: Колку сме подготвени да преземеме ризик во секојдневниот и професионалниот живот?
- Паралели со однесувањето на организацијата
-
Стандардот ISO 31000 и регулаторната рамка
- Клучни принципи, структура и процеси според ISO 31000
- Врска со други меѓународни и национални регулативи
-
Дефинирање на рамка за управување со ризикот
- Воспоставување на политика за управување со ризик
- Интегрирање на управувањето со ризици во организациската култура, процеси и донесување одлуки
-
Вежба 2 – Воспоставување на контекст
- Примена на реален пример од организациско опкружување
- Идентификација на внатрешни и надворешни фактори кои влијаат на ризиците
-
Улоги и одговорности за управување со ризик
- Улогата на менаџментот, одделите, тимовите и поединците
- Развој на отчетност и транспарентност
-
Вежба 3 – Дефинирање на критериуми за оценка на ризик
- Разработка на специфични параметри за мерење на ризикот (влијание, веројатност, итност)
- Прилагодување на критериумите кон типот и големината на организацијата
ДЕН 2: Процес на управување со ризик и практична примена
-
Идентификација на ризици
- Техники за препознавање на потенцијални ризици (SWOT, brainstorming, интервјуа, историја на настани)
- Вклучување на релевантни страни во процесот
-
Вежба 4 – Идентификација на изворите на ризици
- Работа во групи: мапирање на ризици според реални сценарија
- Категоризација на ризиците по домени (финансиски, безбедносни, ИТ, оперативни и сл.)
-
Анализа и евалуација на ризиците
- Квантитативни и квалитативни методи за проценка
- Матрица за веројатност и влијание
- Определување на приоритети за дејствување
-
Вежба 5 – Идентификување на влијание и веројатност
- Примена на матрица за рангирање на ризиците
- Интерпретација на резултатите
-
Третман на ризици
- Опции: избегнување, намалување, пренесување, прифаќање
- Разработка на акциони планови
-
Вежба 6 – Опции за третман на ризици
- Групна дискусија и сценарио-работа: избор на најсоодветен третман за различни ризици
-
Прифаќање на ризикот и управување со преостанатиот ризик
- Кога и како е прифатливо да се прифати ризик
- Контролни механизми и услови за следење
-
Комуникација и консултација во врска со ризиците со засегнатите страни
- Стратегии за ефективна внатрешна и надворешна комуникација
- Ангажирање на засегнати страни за поддршка и одржливост на процесот
-
Вежба 7 – Комуникација во врска со ризиците
- Изработка на план за комуникација за избран ризик
- Рол-плеј ситуации
-
Мониторинг и преиспитување на ризикот
- Развој на индикатори и метрики
- Континуирано подобрување на процесот
- Поврзаност со управувањето со промените и инцидентите
А П Л И Ц И Р А Ј
КАРАКТЕРИСТИКИ НА КУРСОТ
- Времетраење 2 days
- Студенти 15
- Оценување Да







