ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:
- Да се стекне основно разбирање за менаџмент системот за заштита на информации (ISMS) и неговото значење.
- Да се запознаат учесниците со принципите и барањата на стандардот ISO/IEC 27001:2013.
- Да се развијат практични вештини за имплементација, управување и подобрување на ISMS.
- Да се укаже на придобивките и предизвиците од примената на стандардот во реална организациска средина.
А П Л И Ц И Р А Ј
АГЕНДА:
1. Вовед во менаџмент системот за заштита на информации (ISMS)
- Што претставува ISMS и зошто е важен
- Контекстот на современите ризици поврзани со информациите
- Потребата од систематски пристап кон заштита на информациите
2. Придобивки од примена на ISMS
- Зголемена доверба кај клиенти, партнери и регулатори
- Подобрена безбедност на податоците и намален ризик
- Унапредување на внатрешната организациска култура за безбедност
- Ускладеност со законска и регулаторна рамка
3. Клучните принципи и дефиниции според ISO/IEC 27001:2013
- Основни термини: информации, закана, ранливост, ризик
- Принципи на доверливост, интегритет и достапност (CIA)
- Ризик-базиран пристап и процес на управување со ризици
- Улоги и одговорности во ISMS
4. Структура и барања на стандардот ISO/IEC 27001:2013
- Преглед на клучните клаузули (0–10)
- Контекст на организацијата и ангажман на раководството
- Планирање, поддршка и работење
- Надзор, мерење, внатрешна проверка и подобрување
- Преглед на Прилог А – Контроли за заштита на информации
5. Имплементација и практични аспекти на користење на стандардот
- Чекори за воспоставување на ISMS
- Проценка на ризици и избор на безбедносни контроли
- Документација и политики
- Обука и подигање на свеста кај вработените
- Мониторинг, мерење и ревизија
6. Анализа на влијанието и резултатите од примената на ISMS
- Како се мери ефикасноста на системот
- Студии на случај и примери од практиката
- Типични предизвици и како да се надминат
- Континуирано подобрување и усогласување со нови верзии на стандардот
7. Прашања и дискусија
- Отворена сесија за прашања од учесниците
- Размена на искуства и најдобри практики
А П Л И Ц И Р А Ј
КАРАКТЕРИСТИКИ НА КУРСОТ
- Времетраење 1 day
- Студенти 15
- Оценување Да







