(Обуката носи 10 бодови за стручно усовршување)
Оваа работилница не е „уште една сесија“. Таа е простор за оддишување, поврзување и вистинска грижа – за себе, за колегите, и за средината во која живееме најголем дел од денот.
СОДРЖИНА:
• Што претставува благосостојба на работното место и зошто е клучна за индивидуалниот и организацискиот успех
• Добри практики од компании кои веќе ја интегрирале благосостојбата во своето работење
• Перспективи според ISO 45003 и насоки од Светската здравствена организација
• Примери над законската регулатива: како водечките организации го надминуваат основниот минимум
• Интегрирање на благосостојбата во организациската култура: од вредности до секојдневни навики
• Клучни столбови на благосостојбата и фактори кои најмногу влијаат врз менталното, емоционалното и физичкото здравје
• Како да ги препознаеме сигналите за помош и на време да одговориме
Препознавање и справување со burnout (согорување на работа), емоционална интелигенција и емпатија на работно место, од негативен feedback да моќна алатка за развој.
• Практични алатки и техники за градење на позитивна работна средина.
Што добивате?
Работилницата е збогатена со интерактивни вежби, визуелизации, техники за саморефлексија и групна дискусија – сѐ со цел да ви помогне веднаш да ги примените научените концепти во вашиот работен контекст. Со конкретни алатки и нови перспективи, ќе ви помогнеме не само да препознаете што се случува „под површината“, туку и како навистина да направите промена – одвнатре и околу вас.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
За менаџери, HR професионалци, стручни лица за безбедност, тим лидери, како и сите кои сакаат да бидат активен двигател на позитивни промени во организацијата.
ПРЕДАВАЧИ:
1.Ирена Тасева-магистер за науки од инжинерство на работна средина, регионален менаџер за безбедност и здравје при работа и животна средина во автомобилска индустрија.
2.Цветанка Захова- магистер по правни науки, професионалец за човечки ресурси во автомобилска индустрија; тренер за развој на вештини и лидерство
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)
Во цената е вклучено:
• работен материјал
• сертификат за присуство
• кафе и освежување
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
23 септември 2025 година
