Back

Нов Закон за архивски материјал и архивска дејност (практична обука)

30 октомври 2025 година (четврток) 10:00 – 15:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје ЦЕЛИ НА ОБУКАТА: Новиот Закон за архивски материјал и архивска дејност, претставува значаен чекор во подобрување на управувањето со архивската документација во Северна Македонија. Овој закон има за …

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Цена 20 ден. по учесник
  • Локација Институт КОНЦЕПТ, Скопје
  • Време на почеток 10:00 am 30 октомври, 2026
  • Време на завршување 3:00 pm 30 октомври, 2025
  • Капацитет Ограничено на 20 лица
30 октомври 2025 година (четврток)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:
Новиот Закон за архивски материјал и архивска дејност, претставува значаен чекор во подобрување на управувањето со архивската документација во Северна Македонија. Овој закон има за цел да создаде унифицирана и современа рамка за класификација, чување и употреба на архивскиот материјал, особено во дигиталната ера.

Во текот на обуката, ќе се запознаеме со основните принципи на законската регулатива, новите обврски на институциите и правните субјекти, како и процедурите за дигитализација и заштита на архивските материјали.

Ќе анализираме како оваа регулатива влијае врз транспарентноста, безбедноста и достапноста на архивските документи.

Целта на оваа обука е да ви помогне да ги разберете и примените новите стандарди, обезбедувајќи ефикасно архивирање и управување со документи. Вашата улога како професионалци е клучна во зачувувањето на институционалната меморија и културното наследство.

СОДРЖИНА:

Прв дел
1. Вовед за новиот Закон за архивски материјал и архивска дејност
2. Ја­вен ар­хив­ски и до­ку­мен­та­рен ма­те­ри­јал
3. Регистар на иматели на архивски и документарен материјал
4. Обврски на имателите на јавен архивски и документарен материјал
5. План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал
6. Одбирање на архивскиот материјал и уништување на документарниот материјал
7. Предавање на јавниот архивски материјал
8. Електронски архивски и документарен материјал
– Еле­ктрон­ски­те до­ку­мен­ти
9. Јавен електронски архивски и документарен материјал во електронска форма
10. Чување на јавниот електронски архивски и документарен материјал во електронска форма
11. Приватен архивски и документарен материјал од посебно значење на државата
– Приватен архивски и документарен материјал
12. Обврски на имателот на приватен архивски и документарен материјал од посебен интерес за државата
13. Обврски на имател на приватен архивски и документарен материјал кој не спаѓа во имател на приватен архивски и документарен материјал од посебен интерес за државата
14. Документарни центри
15. Надлежности на Државниот Архив
16. Посебни одредби за достапност за ко­ри­сте­ње на ар­хив­скиот и
документарен ма­те­ри­јал
17. Обврска за предавање  на архивски материјал
18. Информациски систем за канцелариско и архивско работење
19. Воспоставување на информациски систем за канцелариско и архивско работење
20. Надзор над спроведување на законот
21. Регистар на надлежни органи кои користат информациски системи за канцелариско и архивско работење
22. Инспекциски надзор
23. Прекршочни одредби

Втор дел
1. Презентација на електронски систем за канцелариско и архивско работење
2. Законски издржани елементи во водење на електронска архива
3. Презентација на решение за водење на електронска архива со следните модули:
– Модул за водење електронски деловодник
– Дигитализација на документација
– Електронска дистрибуција на документи низ организацијата
– Модул за дигитално архивирање на документи согласно законски прописи
– Употреба на Електронски печат
– Електронско чување и складирање на дигитални документи
– Предавање во Државниот архив
– Модул за План и листи
– Модул за извештаи
– Останати функционалности

ПРЕДАВАЧИ:

Диме Јуруков –
Поранешен заменик директор на Државниот архив на Македонија и долгогодишен предавач на теми од областа      на архивското работење. Тој учествувал во работната група за подготовка на новиот закон.

Марија Андоновска – Оперативен директор од Македонски бизнис системи.


ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 

Административни асистенти и архивари кои работат во компании и институци
Раководни лица од јавниот и приватниот сектор кои се задолжени за градење политики за управување со документите.
Правни субјекти кои имаат обврска да управуваат со архивскиот и документарниот материјал согласно законските прописи.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)

Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)

Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
29 октомври 2025 година