Back

Следење на безбедноста на фармацевтските производи – во согласност со ЕУ регулативата и националните прописи

                                                                                …

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Локација Институт КОНЦЕПТ, Скопје
  • Време на почеток 10:00 am 28 октомври, 2025
  • Време на завршување 3:00 pm 28 октомври, 2025
  • Капацитет Ограничено на 20 лица
                                                                                         28 октомври 2025 година (вторник)
 10:00 – 14:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Обуката ќе се реализира со физичко присуство

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА

Целта на предавањето е да обезбеди целосен преглед на системот за следење на безбедноста на фармацевтските производи во текот на целиот нивен животен циклус – од предмаркетиншкиот до постмаркетиншкиот период. Посебен акцент ќе биде ставен на примената на начелата на добраите практики на фармаковигиланца (GVP), примена на мерки за безбедност на медицински средства и следење на додатоци на исхрана и суплементи, со цел навремено идентификување, пријавување и управување со ризиците поврзани со нивната употреба. Предавањето има за цел да овозможи разбирање на сличностите и разликите меѓу европската регулаторна рамка и националните механизми во Република Северна Македонија, како и да поттикне развој на интердисциплинарен пристап во обезбедување на безбедност и квалитет на сите фармацевтски производи.

ПРОГРАМА:

1. Европска регулаторна рамка

·        Клучни ЕУ прописи за фармаковигиланца, следење на безбедност на медцински средства, додтаоци на исхрана и суплементи

·        Институции и системи: EMA, EudraVigilance, EUDAMED, RASFF

2. Национална регулатива и институционална рамка

·        Законска основа:

o   Закон за лекови и медицински средства, Закон за безбедност на храна и производи со посебна намена

·        Координација меѓу регулаторните тела и надлежните органи

3. Системи за следење на безбедност на фармацевтски производи

·        Примена на GVP стандарди, пријавување и анализа на несакани реакции, управување со сигнали и планови за минимизација на ризик, дигитални системи и употреба на вештачка интелигенција (AI)

·        Обврски според MDR/IVDR, пријавување на сериозни инциденти и корективни мерки

·        Пријавување на несакани ефекти, квалитет и декларирање на додтаоци на исхрана и суплементи, примена на RASFF системот за брзо предупредување

4. Интегриран пристап кон безбедноста

·        Меѓуинституционална размена на податоци

·        Употреба на RWD/RWE и постмаркетиншки студии (PASS, PMCF)

·        Ефективна комуникација со здравствени работници и јавноста

5. Практични примери и дискусија

·        Реални случаи на несакани реакции и инциденти

·        Предлози за унапредување на системот

·        Активна улога на здравствени професионалци и пациенти

 

ЦЕЛНА ГРУПА:

Обуката е наменета за сите заинтересирани страни кои се вклучени во на постапките за промет со лек ови и следење на нивната безбедност.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)

Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
27 октомври 2025 година