Back

Интра хоспитални инфекции; Постапување со медицински отпад во здравствените установи и спречување на појавата и ширење на заразни болести; Легислатива и казнени одредби

18 ноември 2025 година (вторник) 10:00 – 15:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје ЦЕЛИ НА ОБУКАТА Правилна примена на прописите со кои се регулира предметната материја и постигнување на високо ниво на усогласеност со конкретната законска регулатива со што се избегнува ризикот од изрекување …

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Цена 7.078 ден. по учесник
  • Локација Институт КОНЦЕПТ, Скопје
  • Време на почеток 10:00 am 18 ноември, 2025
  • Време на завршување 3:00 pm 18 ноември, 2025
  • Капацитет Ограничено на 20 лица
18 ноември 2025 година (вторник)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА

Правилна примена на прописите со кои се регулира предметната материја и постигнување на високо ниво на усогласеност со конкретната законска регулатива со што се избегнува ризикот од изрекување на глоби при инспекциски надзор .

На еднодневната обука која  ќе бидат опфатени следните теми:

1. Законот за заштита на населението од заразни болести, Правилникот за поблиски критериуми за спречување и сузбивање на интрахоспиталните инфекции, пријавување на интрахоспитални инфекции, Правилникот за начинот на пријавување и формата и содржината на обрасците за пријавување на заразните болести и микробиолошки докажаните причинители, како и нивната практична примена. (Директорите на Здравствените установи се должни да формираат комисија за следење на ИХИ и да донесат Програма за спречување и сузбивање на ИХИ).

2. Темата за спречувањето на појавата и ширењето на заразните болести во здравствените установи и постапувањето со медицинскиот отпад, покрај тоа што е законска обврска на сите здравствени установи, претставува и еден сегмент од системот по однос на кој се врши проценката на успешноста на работата на менаџерите и менаџерските тимови во здравствените установи, како и на самите здравствени установи од страна на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

 

ПРОГРАМА

 

1. Oпшти и специфични цели

  • Општа цел – Обезбедување на соодветни алатки на здравствените работници за спроведување на Програмата за контрола на инфекциите, а со цел заштита на самите себе си и другите од пренос на инфекции
  • Објекти, опрема, процедури потребни за спроведувањето на стандардите за спречување на ИХИ;
  • Чистење, дезинфекција, репроцесирање на опремата за повеќекратна употреба;
  • Управување со отпад;
  • Заштита на здравствените работници од преносливи инфекции;
  • Контрола на инфекциите во специфични ситуации.
  • Национална Програма за контрола на инфекции
  • Комисија за интрахоспитални инфекции;
  • Прирачник за контрола на инфекциите;
  • Едукации и тренинг на здравствениот персонал;
  • Добри практики за контрола на инфекциите;
  • Практики за амбиенталната средина (практични примери);
  • Контрола на инфекции во одредени селектирани ситуации (практични примери).

2. Интрахоспиталните инфекции низ призма на легислативата

  • Закон за заштита на населението од заразни болести;
  • Правилник за поблиските критериуми за спречување и сузбивање на интрахоспиталните инфекции, пријавување на интрахоспитални инфекции:
  • Дефиниции,
  • Поблиски критериуми за спречување на ИХИ,
  • Пријавување на ИХИ,
  • Следење на ИХИ,
  • Следење на зачестеност на резистенција на микроорганизми, потрошувачка на антибиотици,
  • Спроведување на превентивни и посебни мерки, микробиолошка контрола на жива и нежива средина,
  • Интерни упатства за спречување на ИХИ.

3. Правилник за начинот на пријавување и формата и содржината на обрасците за пријавување на заразните болести и микробиолошки докажаните причинители

  • Пријавување на заболување или смрт од заразна болест;
  • Пријавување на епидемиско јавување на заразна болест;
  • Пријавување на изолиран – докажан причинител на заразна болест и резистенција на антибиотици;
  • Водење на евиденција.

4. План за управување со медицински отпад

  • Минимални барања во здравствените установи
  • Изготвување на Програми за управување со отпадот, за правни и физички лица кои создаваат повеќе од 200кг опасен отпад/год., како и извештаи за реализација на овие програми, кои се доставуваат до градоначалниците и до МЖСПП
  • Сегрегацијата  и сепарацијата се клучни за минимизирање на медицинскиот отпади и е потребно да се извршат колку што е можно поблиску до изворот на стварањето на отпадот
  • Минималните барања во здравствените установи се состојат од:
  • Темелна сепарација
  • Употреба на униформен тип на садови за собирање и контејнери за чување
  • Употреба на различни бои на етикети
  • Пишани упатства за вработените
  • Простор за локално собирно место
  • Простор за централно собирно место
  • Да се назначи одговорно лице во ЗУ, ВС
  • Медицинскиот отпад да не се меша со друг отпад

5. Правилник за начинот на постапување  со медицинскиот отпад, како и начинот на пакување  и обележување на медиционскиот отпад   

  • Дефиниции
  • Постапување, идентификација, собирање, пакување и означување
  • Внатрешен транспорт
  • Пакување и складирање
  • Надворешен транспорт
  • Преработка и отстранување
  • Резултати од надзори во ЈЗУ, ПЗУ, Ветеринарни станици, извршени од страна на ДСЗИ
  • Позитивна легислатива од областа на управувањето со медиицнскиот отпад во РМ

 

ПРЕДАВАЧИ

  1. Професор доктор Никола Пановски, професор по микробиологија, Медицински Факултет Скопје.
  2. Ирена Апостолова, експерт од за управување и постапување со отпад.
  3. Чедомир Стефановски, дипломиран правник  со работно, советник за претставки и предлози во Инспекциски совет.

 

ЦЕЛНА ГРУПА

 

Здравствен персонал (лекари, сестри, главни сестри) во болнички здравствени установи, (општи, специјализирани и клинички болници, лаборатории, центри за јавно здравје и др.), одговорни лица за медицински отпад, како и за сите останати здравствени работници и соработници кои сакаат да го надградат своето знаење и да допринесат за подобра  усогласеност   со законската регулатива  на институцијата во која работат.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)

Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување