Back

Зелена дигитализација и влијанијата на вештачката интелигенција врз животната средина и климатски промени

Искористете ја дигитализацијата за подобра иднина! 19 ноември 2025 година (среда) 10.00 – 15:00 часот Обуката ќе се реализира со физичко присуство Институт КОНЦЕПТ, Скопје ЦЕЛИ НА ОБУКАТА: Во контекст на глобалните климатски предизвици и забрзаната дигитална трансформација, потребата за …

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Локација Институт КОНЦЕПТ, Скопје
  • Време на почеток 10:00 am 19 ноември, 2025
  • Време на завршување 3:00 pm 19 ноември, 2025
  • Капацитет Ограничено на 20 лица
Искористете ја дигитализацијата за подобра иднина!
19 ноември 2025 година (среда)
10.00 – 15:00 часот
Обуката ќе се реализира со физичко присуство
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:

Во контекст на глобалните климатски предизвици и забрзаната дигитална трансформација, потребата за одржливи технолошки решенија станува сè поитна. Оваа еднодневна обука е фокусирана на зелена дигитализација — процес кој ги обединува иновациите, енергетската ефикасност и еколошката одговорност. Ќе се разгледаат влијанијата на секојдневните дигитални активности врз животната средина, како и јаглеродниот отпечаток на интернет-страниците, дигиталната инфраструктура и вештачката интелигенција.
Темата е во согласност со клучни европски иницијативи, како што се Европскиот Зелен договор (European Green Deal), кој поставува рамка за климатска неутралност до 2050 година, и EU AI Act, кој се стреми кон безбедна, транспарентна и – сè повеќе – одржлива употреба на вештачка интелигенција. Дополнително, ќе се обработат концепти како „сметководство“ на јаглеродни емисии, зелени дизајни и стратегии за развој на еколошки одговорни дигитални решенија.
Обуката има за цел да понуди практични алатки, примери и насоки за интеграција на одржливост во дигиталното работење, со фокус на усогласеност со европските стандарди и политики за зелена трансформација.

Вашиот дигитален отпечаток има влијание врз животната средина. Додека светот сè повеќе се потпира на дигиталното работење и вештачката интелигенција, нивното влијание врз природните ресурси често останува незабележано. Но, што ако можевте да ја искористите истата технологија за да креирате одржлива иднина?

 

На оваа обука ќе научите:

– Кое е вистинското влијание на дигиталните процеси и вештачката интелигенција врз животната средина.

· Како да ги користите овие алатки за да ги заштитите природните ресурси – водата, чистиот воздух и почвата.

· Иновативни начини да ја искористите технологијата за да го подобрите квалитетот на животот и да придонесете за одржливо живеење.

ПРОГРАМА:

 

▪️ Основи на одржливост во дигитализација и технологија
Се дефинираат клучните принципи на одржливост во контекст на дигитална трансформација. Ќе се разгледаат врските меѓу технолошкиот развој, енергетската потрошувачка и климатските промени. Учесниците ќе се запознаат со глобални и европски рамки, како што се Европскиот Зелен договор и SDG целите, кои поставуваат стандарди за еколошки одговорна технологија.

▪️ Лични јаглеродни емисии од секојдневието + Јаглеродни емисии од работата на интернет-страниците и потребна енергија
Ќе се анализираат секојдневните дигитални навики — користење на мобилни уреди, стриминг, cloud услуги — и нивниот скриен еколошки отпечаток. Дополнително, ќе се обработи како интернет-страниците, серверите и дигиталните платформи трошат енергија и придонесуваат кон глобалните емисии. Ќе се презентираат алатки за пресметка и мониторинг на дигитални јаглеродни емисии.

▪️ Пристапи и практики за зелени дизајни и процеси + Одржливи стратегии за создавање зелени интернет-страници
Учесниците ќе се запознаат со принципите на еко-дизајн, минималистички интерфејси, оптимизација на код и енергетски ефикасен хостинг. Ќе се презентираат конкретни стратегии за развој на зелени интернет-страници, вклучувајќи избор на платформи, компресија на содржини и одговорно управување со податоци. Ќе се споделат добри практики од организации кои веќе применуваат зелени дигитални решенија.

▪️ Влијанието на вештачката интелигенција врз животната средина и позитивна корист
Ќе се разгледа енергетската потрошувачка на АИ модели, особено во процесите на тренирање и анализа на големи податочни сетови. Паралелно, ќе се истакне потенцијалот на АИ за еколошка оптимизација — автоматизација на процеси, предвидување на потрошувачка, мониторинг на емисии. Ќе се презентираат примери од „Green AI“ иницијативи и етички размислувања.

▪️ Зелена дигитална инфраструктура
Фокусот ќе биде на развој и управување со инфраструктура која поддржува одржливи дигитални решенија — од дата центри со ниска потрошувачка, до cloud архитектури базирани на обновлива енергија. Ќе се презентираат технолошки иновации, како edge computing и енергетски ефикасни мрежи, кои придонесуваат кон климатска неутралност.

▪️ „Сметководство“ на јаглеродни емисии
Учесниците ќе се запознаат со методологии за мерење, следење и известување за дигитални јаглеродни емисии. Ќе се презентираат алатки и индикатори за сметководствено управување, како и примери од организации кои ги интегрираат овие практики во своите ESG извештаи. Ќе се дискутира за транспарентност, верификација и усогласеност со европските регулативи.

▪️ Политики за зелена трансформација
Ќе се обработат национални и европски политики кои поддржуваат зелена дигитална транзиција, вклучувајќи финансиски инструменти, регулативи и стратешки насоки. Ќе се дискутира за улогата на јавниот и приватниот сектор во имплементација на овие политики, како и за можностите за вклучување во проекти финансирани од ЕУ. Ќе се презентираат чекори за интеграција на зелени принципи во организациска стратегија.

 

ПРЕДАВАЧИ:

1.Јасмина Пислевиќ

Во последните 12 години Јасмина активно придонесува за градење на капацитетите и образовните проекти и програми од областа на климатските промени, управување со отпад, одржлив развој и заштита на животната средина.
Таа беше дел од организациската единица „Градење капацитети за зголемена транспарентност“, проект финансиран од UNDP, имплементиран во Министерството за животна средина и просторно планирање каде тесно соработуваше со вработените во интегрирање на прашања поврзани со отпадот, управување со вода и енергија, како и мобилност.

Таа е сертифициран Технички експерт рецензент според Рамка за подобрена транспарентност (ETF) од Парискиот договор и поседува IPCC Energy expert сертификат, двата издадени од UNFCCC. Во рамките на севкупните активности, таа учествуваше во зајакнувањето на капацитетите на општините и вработените во јавните претпријатија преку обуки, подготовка, развој и имплементација на програми за подигање на јавната свест и кампањи за заштита на животната средина. Дополнително, таа придонесува во проценка на легислативите и подготовка на препораки во теми од областа на животната средина, наменети за соодветните институции.
Нејзините ангажмани опфаќаат и развој на производи и проекти со главен фокус на темите за одржливост и животна средина во областа на подигање на свеста и дигитализацијата.

2.Ирена Апостолова

Лиценциран експерт за животна средина со повеќе од 20 години искуство на полето на животната средина и управувањето со отпад.
Таа работи во меѓународна компанија која целосно работи проекти во областа на животната средина и управување со отпадот.
Таа преку различни проекти учествуваше во зајакнувањето на капацитетите на општините и јавните комунални претпријатија во РС Македонија. Изработува, развива и имплементира програми за подигање на јавната свест и кампањи за заштита на животната средина.
Еден од значајните проекти на која била носител е:  Зајакнување на капацитетите на регионалните и локалните администрации за имплементација и спроведување на законодавството на ЕУ за животната средина и климатските промени и развој на инфраструктурни проекти (EuropeAid/140209/DH/SER/UA) за Украина и ЕУ во 2020 и 2021 година.

Еве дел од проектите на кои учествувала во периодот од 2020-2024 година:
Олеснување на партиципативниот процес на подготовка на новата Програма за одржлив локален развој и децентрализација 2021 – 2026 година и сродните Акционен план за периодот 2021 – 2023 година и изготвување на соодветните делови во РС Македонија.
Поддршка на имплементацијата на регионалниот систем за управување со отпад на Источниот и Североисточниот плански регион.

 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 
1. ИТ професионалци и веб-девелопери
– За да научат како да креираат енергетски ефикасни и еколошки одговорни дигитални решенија.Маркетинг и комуникациски тимови
– За да разберат како дигиталните кампањи и веб-страниците влијаат врз животната средина, и како да ги оптимизираат.Експерти за одржливост и корпоративна општествена одговорност (CSR)
– За да ги интегрираат дигиталните аспекти во своите стратегии за климатска акција.
2. Професионалци, студенти и ентузијасти кои сакаат да ја интегрираат одржливоста во нивното дигитално работење. 

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

 

Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)

Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување