Back

Канцелариско и архивско работење и е-архива

НОВ ЗАКОН ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И АРХИВСКА ДЕЈНОСТ (објавен во Службен весник број 135/2025 од 04.07.2025) И ЗАКОНСКИ ПРЕДВИДЕН РОК ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАН И ЛИСТИ НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО НИВНИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ И НЕГОВО ПОДНЕСУВАЊЕ ДО 31.03.2026 ГОДИНА, ДО ДРЖАВЕН АРХИВ …

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Цена 20 ден. по учесник
  • Локација Институт Концепт
  • Време на почеток 10:00 am 24 март, 2026
  • Време на завршување 3:00 pm 24 март, 2026
  • Капацитет Ограничено на 20 лица

НОВ ЗАКОН ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И АРХИВСКА ДЕЈНОСТ
(објавен во Службен весник број 135/2025 од 04.07.2025) И

ЗАКОНСКИ ПРЕДВИДЕН РОК ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАН И ЛИСТИ НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО НИВНИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ И НЕГОВО ПОДНЕСУВАЊЕ ДО 31.03.2026 ГОДИНА, ДО ДРЖАВЕН АРХИВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ТЕКОВНА 2026 ГОДИНА

-практична обука-

24 март 2026 година (вторник)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:

На 04.07.2025 година во Службен весник број 135/2025 година е објавен новиот ЗАКОН ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ И АРХИВСКА ДЕЈНОСТ. Тој влезе на сила на 12.07.2025 година.

Новиот закон претставува значаен чекор во подобрување на управувањето со архивската документација во Северна Македонија. Овој закон има за цел да создаде унифицирана и современа рамка за класификација, чување и употреба на архивскиот материјал, особено во дигиталната ера.

Во текот на обуката, ќе се запознаеме со основните принципи на законската регулатива, новите обврски на институциите и правните субјекти, како и процедурите за дигитализација и заштита на архивските материјали.

Ќе анализираме како оваа регулатива влијае врз транспарентноста, безбедноста и достапноста на архивските документи.

Целта на оваа обука е да ви помогне да ги разберете и примените новите стандарди, обезбедувајќи ефикасно архивирање и управување со документи. Вашата улога како професионалци е клучна во зачувувањето на институционалната меморија и културното наследство.
Важноста на управувањето со документите се наметнува во работата на државните и другите институции и компании. Пренатрупаноста од документи кои најчесто не се добро или не се воопшто обработени налага барање на адекватно решение.

Заштитата на архивскиот материјал е приоритетна и трајна задача на една држава и општествена заедница. Архивскиот материјал претставува неодминливо и трајно сведоштво за генезата и историскиот развиток на македонската нација и македонскиот јазик и за севкупниот државно-правен, политички, општествено-економски и културен развиток на Република Македонија.

Законска обврска е на државните органи, претпријатијата и другите правни лица да извршуваат голем број должности од областа на канцелариското и архивското работење.

 

СОДРЖИНА:

Прв дел
1.Вовед за новиот Закон за архивски материјал и архивска дејност
2.Ја­вен ар­хив­ски и до­ку­мен­та­рен ма­те­ри­јал
3.Регистар на иматели на архивски и документарен материјал
4.Обврски на имателите на јавен архивски и документарен материјал
5.План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал
6.Одбирање на архивскиот материјал и уништување на документарниот материјал
7.Предавање на јавниот архивски материјал
8.Електронски архивски и документарен материјал
-Еле­ктрон­ски­те до­ку­мен­ти
9.Јавен електронски архивски и документарен материјал во електронска форма
10.Чување на јавниот електронски архивски и документарен материјал во електронска форма
11.Приватен архивски и документарен материјал од посебно значење на државата
-Приватен архивски и документарен материјал
12.Обврски на имателот на приватен архивски и документарен материјал од посебен интерес за државата
13.Обврски на имател на приватен архивски и документарен материјал кој не спаѓа во имател на приватен архивски и документарен материјал од посебен интерес за државата
14.Документарни центри
15.Надлежности на Државниот Архив
16.Посебни одредби за достапност за ко­ри­сте­ње на ар­хив­скиот и
документарен ма­те­ри­јал
17.Обврска за предавање  на архивски материјал
18.Информациски систем за канцелариско и архивско работење
19.Воспоставување на информациски систем за канцелариско и архивско работење
20.Надзор над спроведување на законот
21.Регистар на надлежни органи кои користат информациски системи за канцелариско и архивско работење
22.Инспекциски надзор
23.Прекршочни одредби

Втор дел
1.Презентација на електронски систем за канцелариско и архивско работење
2.Законски издржани елементи во водење на електронска архива
3.Презентација на решение за водење на електронска архива со следните модули :
Модул за водење електронски деловодник
Дигитализација на документација
Електронска дистрибуција на документи низ организацијата
Модул за дигитално архивирање на документи согласно законски прописи
Употреба на Електронски печат
Електронско чување и складирање на дигитални документи
Предавање во Државниот архив
Модул за План и листи
Модул за извештаи
Останати функционалности

 

ПРЕДАВАЧИ:

Борис Најдовски, долгогодишен виш инспектор во Државен управен инспекторат и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење.

 Диме Јуруков, поранешен заменик директор на Државниот архив на Македонија и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење. Тој учествувал во работната група за подготовка на новиот закон.

 Марија Андоновска, Оперативен директор од Македонски бизнис системи.

 

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)

Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 23 март 2026 година.