25 март 2026 година (среда)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:
Правилната примена на ревидираната Регионална конвенција за пан-евро-медитеранските преференцијални правила за потекло (ПЕМ Конвенција) може директно да влијае врз трошоците, изборот на добавувачи и планирањето на синџирот на набавки на компаниите, па затоа целта на обуката е практично, разбирливо и од бизнис-аспект да се објаснат правилата за потекло согласно ревидираната ПЕМ Конвенција, како и конкретните бенефити што компаниите можат да ги остварат преку нејзина правилна и стратешка примена – пониски царински давачки, подобра конкурентност и поефикасен пристап до странските пазари.
Во текот на обуката ќе бидат објаснети основните правила за потекло, начините на стекнување на преференцијалното потекло согласно ПЕМ конвенција како законска основа за правилата за стекнување на преференцијално потекло што се применуваат во скоро сите Договори за слободна трговија кои Република Северна Македонија ги применува.
Истовремено ќе имаат можност да го разберат и принципот на пресметка на содржината на употребени репроматеријали во готовиот производ, како и содржината на додадена вредност.
Обуката ќе овозможи и запознавање со останатите одредби кои влијаат на начинот на стекнување на потеклото како што се: минимални операции, принцип на територијалност, општотолеранти услови, неутрални елементи и кога е потребно да се обрне внимание на нив.
Учесниците ќе бидат запознаени со принципот на кумулација на потеклото и како да се користат различните типови на кумулација, како еден од начините за олеснување на стекнувањето на преференцијално потекло преку можноста за користење на репроматеријали под одредени услови и од одредени земји на увоз.
Учесниците ќе добијат практични совети во врска со начинот на утврдување на преференцијалното потекло на готов производ, потребните документи, докази, евиденции кои би им биле потребни за утврдување на искористување на можностите кои ги нуди принципот на кумулација на потеклото, како и концептот на поврат на царински давачки или ослободување од царински давачки за употребените материјали во производство на стоки кои се стекнуваат со преференцијално потекло се користат во царинските постапки.
Преку практични примери и реални ситуации од секојдневното работење, учесниците ќе добијат:
- подобро разбирање на ревидираните правила за потекло,
- насоки за нивна правилна примена во увозно-извозните постапки,
- можности за поефикасно планирање на синџирот на набавки преку користење на преференцијалното потекло, подобро планирање и избор на репроматеријали со цел исполнување на правилата за потекло,
- увид како правилата за потекло можат да се користат како алатка за стратешко и трошковно поефикасно работење,
- поголема правна сигурност и усогласеност со важечката регулатива.
СОДРЖИНА:
1. Вовед во ПЕМ Конвенцијата
- Што е ПЕМ Конвенцијата и зошто е значајна за компаниите
- Кои договори и кои пазари се опфатени
- Основни принципи на преференцијалните правила за потекло
- Разлики помеѓу старата и ревидираната ПЕМ Конвенција
- Ревидирани правила за потекло
- Основни правила за потекло (целосно добиени, доволна обработка)
- Толеранции, вредносни ограничувања и територијални услови
- Кумулација според ревидираната ПЕМ (дијагонална, билатерална, целосна)
- Временска примена и транзициски периоди при примена на принципот на кумулацијата
- Поврат или изземање од царински давачки
- Практична примена во увозно-извозните постапки
- Докажување на потекло (EUR.1, изјави за потекло, изјави од добавувач), евиденции, придружни документи
- Прашања, дискусија и практични дилеми од учесниците.
ПРЕДАВАЧ:
Ирина Нелковска,
Шеф на Служба за царинска вредност и потекло на стока
Сектор за царински систем, Царинска управа на РСМ
ЦЕЛНА ГРУПА:
Обуката е наменета за увозно-извозни компании, трговски друштва, производствени компании, шпедитерски и логистички компании, како и за лица одговорни за царински, набавни и продажни процеси.
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)
Во цената е вклучено:
• работен материјал
• сертификат за присуство
• кафе и освежување
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 23 март 2026 година.

