Back

Курс по словенечки јазик, А1-А2, Б1-Б2

21 септември 2026 година
21:00 – 22.30 часот | ZOOM

Информации за настанот

  • Цена 9.900 ден. по учесник
  • Локација на платформата ZOOM
  • Време на почеток 9:00 pm 21 септември, 2026
  • Време на завршување 10:30 pm 24 декември, 2026
  • Капацитет Ограничено на 20 лица

КУРС ЗА СЛОВЕНЕЧКИ ЈАЗИК ЗА ИДНИ СТУДЕНТИ!

ГРУПИТЕ СЕ ПОПОЛНУВААТ БРЗО! РЕЗЕРВИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО!

Online курс на платформа:

Од А1 до Б2 ниво

21 септември 2026 година

 

ПРИДРУЖЕТЕ ИМ СЕ НА 6000 СТРАНСКИ СТУДЕНТИ ВО СЛОВЕНИЈА!

ЗОШТО СТУДИИ ВО СЛОВЕНИЈА?

-Бесплатни студии

-Меѓународно признаени дипломи

-Уписи без приемни испити

-Широк избор на студиски програми

-Студентска работа

-Мала јазична бариера

-Бројни студентски погодности

Македонските државјани и државјаните на екс Ју републиките можат да студираат во Словенија без школарина, врз основа на билатералните договори. Бесплатни студии имаат и државјаните на Европската унија.

Во Словенија има 6 универзитети, а студентите можат да бираат помеѓу повеќе од 1500 студиски програми.

Уписите се без приемни испити, освен на уметничките смерови, а сертификат за знаење на јазикот на Б2 ниво е потребно само за неколку студиски програми.

Институт Концепт 15 години подготвува студенти за студирање во Словенија.
Исто така голем број на студенти и се запишаа и веќе студитаат.
Постојано ни пишуваат и го искажуваат своето задоволство од студиите и студентскиот живот во Словенија.

Исто така Концепт може да ги поврзе идните студенти со агенција која посредува во уписната постапка на факултетите во Словенија.

 

Постојат две нивоа за изучување на овој јазик, а тоа се:

  • А1 – А2 ниво, во траење од 3 месеци, 24 средби или 48 училишни часа и
  • Б1 – Б2 ниво, во траење од 3 месеци, 24 средби или 48 училишни часа.

 

Предавањата се одвиваат online, на платформата  ZOOM,
понеделник и среда од 21.00-22.30 часот.

Кои знаења ќе се поседуваат по завршувањето на курсот?

  • Правилна усна и писмена коресподенција
  • Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)
  • Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во комуникацијата
  • Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење)

 

Општи информации:

  • Секој учесник добива бесплатно соодветна литература;
  • Работа во мала група;
  • Учесниците се стекнуваат со сертификат за изучување на словенечки јазик.

 

Курсот за словенечки јазик е наменет пред сè за сите средношколци, матуранти и сите заинтересирани лица за студирање во Словенија, на кои им е потребно познавање на  овој јазик.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА КОТИЗАЦИЈА:

Котизацијата за следење на курсот за секое ниво изнесува 9.900 ден .
Плаќање на 3 рати, 3.300 денари.