Back

Напреден ексел за Power Pivot

Пивот табелите во Ексел спаѓаат во најважните алатки во деловното планирање, микроекономската анализа и носењето на одлуки. Сепак, обичните пивоти можат да работат со една база, додека во реалниот свет се случува потреба да се користат повеќе бази на податоци. …

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Време на почеток 12:00 am 19 јуни, 2025
  • Време на завршување 12:00 am 20 јуни, 2025

Пивот табелите во Ексел спаѓаат во најважните алатки во деловното планирање,
микроекономската анализа и носењето на одлуки. Сепак, обичните пивоти можат да
работат со една база, додека во реалниот свет се случува потреба да се користат повеќе
бази на податоци.
Со користење на Power Pivot алатката на Ексел се добива моќно средство за анализа и
обработка на големи серии на податоци од повеќе бази.
За разлика од класичните пивот табели, Power Pivot се многу помоќни, со нив можете да
анализираат повеќе бази на податоци наеднаш, да работите со масивни количини на
податоци и да создавате дата модели.
Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики,
неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме Power Pivot
табелите, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.
Обуката е наменета за сите оние коишти сакаат да научат како да: –
Препознаваат ситуации во кои примената на Power Pivot табелите може да
помогне во процесот на одлучување; – –
Да спроведуваат комплексни анализи во пракса користејќи Power Pivot и на тој
начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци;
Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи
или критички да пристапат во вреднувањето на статистичките податоци пред
носењето на деловни одлуки.
Power Pivot е дел од софтверот Мајкрософт Ексел. Тој е позициониран како add-in во
Ексел 2010, 2013 и 2016.
Се препорачува учесниците на обуката да имаат инсталирано Ексел 2016 или
најмалку Ексел 2010.

АГЕНДА:

Инсталирање на Power Pivot апликацијата
Креирање Data model
Креирање на калкулации
Креирање на мерки
Визуелизација на податоците со табели и графикони
Креирање на KPI (Key Performance Indicators)
Анализа на податоци
Создавање комплексни извештаи
На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
Data Model
Define relationships
Calculations
Measures
Insert pivot table from Data model
Key Performance Indicators (KPIs)
Insert Pivot Charts
Tips & tricks (трикови)
Краен резултат: Целосен извештај за работење на компанијата

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *