Back

Регулатива, пресметка на плати, службен пат во земјата и во странство, благајна, мирување, неплатено отсуство и др.

На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата на плати, надоместоци, дневници за службени патувања во земјата и странство и управување со која законски оформена документација се врши исплата/уплата на готовински пари, сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум.

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Цена 7.079 ден. по учесник
  • Локација Институт Концепт
  • Време на почеток 10:00 am 23 декември, 2025
  • Време на завршување 3:00 pm 23 декември, 2025
  • Капацитет Ограничено на 20 лица

26 декември 2025 година (петок)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:

е стекнување на теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува исплатата на плати, надоместоци на вработените, денарско и девизно благајничко работење.
Со синергија на законската регулатива која ги уредува исплатата на платите, надоместоците од плати и благајничкото работење, како и даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадените теми во изминатите  години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област.
Главен приоритет на обуката ќе биде управување со ризици од неправилности заради неправилна примена на законските и подзаконските одредби како и намалување и управување со ризикот од изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции.
На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата на плати, надоместоци, дневници за службени патувања во земјата и странство и управување со која законски оформена документација се врши исплата/уплата на готовински пари, сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум.

Исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите (процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива.
Правилна примена на одредбите од законската регулатива која ја регулира материја на исплата на плати и надоместоци од плати, благајничкото работење како и Законотот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Клучни карактеристики на обуката:
Регулатива;
Подготвување на извештај за готовински тек;
Пресметка на плати и надоместоци од плати;
Пресметка на дневници за службен пат во земјата;
Пресметка на дневници за службен пат во странство;
Благајна за материјални трошоци, благајнички извештај, фискални сметки, правилно пополнети како доказ дека истите се во функција на вршење на дејноста низ призма на даночна регулатива;
Капитални добивки од удели и хартии од вредност и од продажба на движни и недвижни ствари.

Содржина:

Прв дел – Задолжителни Правилници и акти на работодавачот
– Суштински елементи на Договорот за вработување и други договори за ангажирани лица;
– Евиденции според Законот за евиденции од областа на трудот;
– Правилник за работни односи и правилтници за внатрешна организација и систематизација на работни места и  Колективни договори
Работен однос – Мирување, неплатено отсуство, затекнување на работно место на непријавено лице

Втор дел – Плата и надоместоци на плата
– Плата согласно Законот за работни односи;
– Начин на исплата на плата;
– Задржување и порамнување на исплаќањето на плата;
– Надоместоци од и на плата;
– Колективните договори како правна рамка за утврдување на плата на вработените;
Боледување; Годишен одмор; Платен вонреден одмор; Прекин на работниот процес од деловни причини; Празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис и други случаи утврдени со колективен договор на ниво на дејност односно на ниво на работодавач.

Трет дел – Извештаи за готовинско работење и сметководствена евиденција
Извештаи за готовински тек и остарување на приходи од капитални добивки

  • Благајнички извештај за материјални и патни трошоци;
  • Девизен благајнички извештај – двојна евиденција во девизи и во денарска противвредност.

-Надоместоци на дневници и трошоци за службени патувања согласно регулативата во РСМ
-Прашања и одговори

Предавач:

М-р Ленче Папазовска е професионалец со 40 годишно искуство во сметководство, финансии и деловно право. Со повеќе од 20 години искуство како предавач од областа на сметководството и финансиското работење. Има објавено голем број свои трудови. Посветена е на развојот на сметководствената професија во Македонија и значајна е нејзината препознатливост во регионот и пошироко во Европа.

Таа е активна повеќе од петнаесет години во работата на Сојузот на сметководители на Македонија како претседател на извршниот одбор како и претседател на Собранието. Во 2016 година е именувана за претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија. Магистрирала на катедрата на Правниот факултет на Американскиот колеџ на тема Влијанието на стандардите на МСФИ врз корпоративното управување.

За кого е наменета:

вработени во финансиски сектор, сметководство, благајна и лица кои имаат интерес за оваа тема.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)

Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 22 декември 2025 година.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *