Во текот на обуката, ќе се запознаеме со основните принципи на законската регулатива, новите обврски на институциите и правните субјекти, како и процедурите за дигитализација и заштита на архивските материјали.
Ќе анализираме како оваа регулатива влијае врз транспарентноста, безбедноста и достапноста на архивските документи.
Целта на оваа обука е да ви помогне да ги разберете и примените новите стандарди, обезбедувајќи ефикасно архивирање и управување со документи. Вашата улога како професионалци е клучна во зачувувањето на институционалната меморија и културното наследство.
Прв дел
2. Јавен архивски и документарен материјал
3. Регистар на иматели на архивски и документарен материјал
4. Обврски на имателите на јавен архивски и документарен материјал
5. План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал
6. Одбирање на архивскиот материјал и уништување на документарниот материјал
7. Предавање на јавниот архивски материјал
8. Електронски архивски и документарен материјал
– Електронските документи
9. Јавен електронски архивски и документарен материјал во електронска форма
10. Чување на јавниот електронски архивски и документарен материјал во електронска форма
11. Приватен архивски и документарен материјал од посебно значење на државата
– Приватен архивски и документарен материјал
12. Обврски на имателот на приватен архивски и документарен материјал од посебен интерес за државата
13. Обврски на имател на приватен архивски и документарен материјал кој не спаѓа во имател на приватен архивски и документарен материјал од посебен интерес за државата
14. Документарни центри
15. Надлежности на Државниот Архив
16. Посебни одредби за достапност за користење на архивскиот и
документарен материјал
17. Обврска за предавање на архивски материјал
18. Информациски систем за канцелариско и архивско работење
19. Воспоставување на информациски систем за канцелариско и архивско работење
20. Надзор над спроведување на законот
21. Регистар на надлежни органи кои користат информациски системи за канцелариско и архивско работење
22. Инспекциски надзор
23. Прекршочни одредби
Втор дел
2. Законски издржани елементи во водење на електронска архива
3. Презентација на решение за водење на електронска архива со следните модули:
– Модул за водење електронски деловодник
– Дигитализација на документација
– Електронска дистрибуција на документи низ организацијата
– Модул за дигитално архивирање на документи согласно законски прописи
– Употреба на Електронски печат
– Електронско чување и складирање на дигитални документи
– Предавање во Државниот архив
– Модул за План и листи
– Модул за извештаи
– Останати функционалности
ПРЕДАВАЧИ:
Диме Јуруков – Поранешен заменик директор на Државниот архив на Македонија и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење. Тој учествувал во работната група за подготовка на новиот закон.
Марија Андоновска – Оперативен директор од Македонски бизнис системи.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
Административни асистенти и архивари кои работат во компании и институци
Раководни лица од јавниот и приватниот сектор кои се задолжени за градење политики за управување со документите.
Правни субјекти кои имаат обврска да управуваат со архивскиот и документарниот материјал согласно законските прописи.
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)
Во цената е вклучено:
• работен материјал
• сертификат за присуство
• кафе и освежување
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
29 октомври 2025 година

