Back

Лидерство и развивање на лидерски способности

Tech you how to build a complete Learning Management System with WordPress and LearnPress.

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Цена 7.080 ден. по учесник
  • Локација Институт КОНЦЕПТ, Скопје
  • Време на почеток 10:00 am 2 декември, 2025
  • Време на завршување 3:00 pm 2 февруари, 2026
  • Капацитет Ограничено на 20 лица

Лидерството не е само вродена способност, туку и постојан процес на учење, адаптација и развој!

Содржина:

1.Генеза на лидерство – Лидерството се развива преку комбинација на лични карактеристики, искуства и влијанија од околината. Некои луѓе покажуваат лидерски способности уште од рана возраст, но тие се обликуваат преку учење и практика.

2. Семејна динамика во адолесценцијата – Начинот на кој се оформуваат односите во семејството игра голема улога во развојот на лидерските способности. Поддршката, вредностите и комуникациските навики што се создаваат во семејството имаат долгорочен ефект.

3. Објекти на идентификација – Лидерите често имаат идоли или ментори од кои учат. Овие личности можат да бидат историски лидери, претприемачи, наставници или членови на семејството.

4. Лидерство и пристап кон одговорноста – Вистинскиот лидер ја прифаќа одговорноста како можност за влијание и напредок, а не само како обврска.

5. Начини на водење и односи со соработниците – Различните стилови на лидерство имаат различен ефект врз тимската динамика. Демократскиот пристап поттикнува отворена комуникација, додека авторитарниот може да донесе дисциплина, но со ризик од намалување на мотивацијата.

6. Лидерство и однос кон целта – Успешните лидери имаат јасна визија и знаат како да ја пренесат на тимот, мотивирајќи ги луѓето да работат кон заедничка цел.

7. Поим за моќ и лидерство – Лидерството не е само прашање на авторитет, туку и на влијание, доверба и способност да инспирираш други.

8. Системски импликации и лидерство – Лидерството во поголеми системи, како компании или организации, бара стратегиско размислување, адаптибилност и способност за решавање комплексни проблеми.

9. Вежба

СИТЕ УЧЕСНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ!
– книга од авторот со наслов: „Подобрување на интерперсоналните комуникациски вештини“.

Предавач:

Станислав Петковски–Сашо, Станислав Петковски-Сашо е еден од најпознатите специјалисти по клиничка психологија во нашата земја. Освен што е истакнат терапевт, тој е значаен и како автор на книги од областа на психологијата. Неговите драгоцени совети читателите ги применуваат во секојдневниот живот за справување со различни ситуации.

Тој е основач на МОДУС ЦЕНТАР  со повеќе од 15 години искуство како обучувач и консултант од областа на психологијата, комуникологијата, менаџмент на човечките ресурси и менаџментот. Еден од првите национално сертифицирани професионални обучувачи на обучувачи на возрасни во РС Македонија, специјалист по медицинска психологија, сертифициран трансакциски аналитичар, психотерапевт, семеен системски терапевт, надворешен предавач на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ по предметот „Клиничка психологија“.

Тој е врвен професионалец со богато искуство во областа на комуникациските вештини и разрешувањето на конфликти. Неговата способност да ги пренесе сложените концепти на едноставен и разбирлив начин го прави омилен меѓу учесниците. Секој час со Станислав е инспиративен и полн со практични совети кои веднаш можат да се применат во реалниот живот

Тој е  автор на следните книги: “Кога мечката е свиња”; “Оружјата на критичкиот родител”; “Подобрување на интерперсоналните комуникациски вештини”.

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *