Back

Јавните набавки во пракса-искуства и новости за полесна примена

11 март 2026 година (среда) 10:00 – 15:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје   ЦЕЛИ НА ОБУКАТА: Оваа обука е осмислена да им овозможи на учесниците целосно да ја разберат постапката за јавни набавки и да стекнат практични знаења кои веднаш …

Овој настан е завршен

Информации за настанот

  • Цена 20 ден. по учесник
  • Локација Институт Концепт
  • Време на почеток 10:00 am 11 март, 2026
  • Време на завршување 3:00 pm 11 март, 2026
  • Капацитет Ограничено на 20 лица

11 март 2026 година (среда)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:

Оваа обука е осмислена да им овозможи на учесниците целосно да ја разберат постапката за јавни набавки и да стекнат практични знаења кои веднаш можат да ги применат.
Ќе научат како правилно да ја подготват постапката преку истражување на пазарот и навремено планирање и ќе се запознаат со интерните правила и процедури на договорниот орган, кои обезбедуваат јасна распределба на одговорностите.

На обуката ќе добијат насоки за подготовка на технички спецификации и тендерска документација со цел да се избегнат грешки а исто така ќе разберат кои се правата и обврските на сите учесници во постапката и како да се обезбеди фер и транспарентна евалуација.

Со тренерите ќе се разгледаат најчестите прашања при утврдување на способноста на економските оператори и ќе се дадат практични примери за нивна правилна примена.

Учесниците ќе добијат совети за постапување при жалба, како од аспект на договорниот орган, така и од аспект на понудувачите и ќе се споделат искуства за тоа како да се избегнат одолговлекувања и непотребни поништувања.

На последната сесија ќе се дискутираат новините и перспективите што ги носи 2026 година во областа на јавните набавки.

На крај, учесниците ќе заминат со јасна слика за целата постапка и со практични алатки за успешно учество во јавни набавки.

 

СОДРЖИНА:

  1. Подготовка на постапката

Во рамките на Оваа тема учесниците ќе се запознаат со активностите кои се неопходни за услешно спроведување на постапката, како што е истражувањето на пазароти, како и кога да се спроведе, зошто е битно навременото планирање и обезбедувањето на континуитетот во снабдувањето со потребните набавки. Посебен акцент ќе се стави на интерните правила и процедури кај договорниот орган, кои даваат одговор кој за што е одговорен со цел навремено обезбедување на потребните стоки, услуги и работи, и истовремено ќе се презентираат искуства и совети за подготовка на техничките спецификации и останатата тендерска документација.

  1. Права и обврски на учесниците во постапката – до избор на најповолна понуда

Учесниците ќе се запознаат со клучните активности од двете страни, како од аспект на договорниот орган во спроведување на постапката, така и од аспект на понудувачот во подготовка на понудата, а целта е иста – да се дојде до договор за јавна набавка за најповолниот понудувач. Оваа сесија ќе даде одговор на повеќе прашања од спроведување на самата постапка: на што да внимава комисијата за време на рокот за подготовка на понудите, кои се можностите на понудувачите да бараат појаснувања, што може а што не комисијата при евалуација на понудите, на што да обрнат внимание понудувачите при подготовка на образецот на финансиска понуда, кои се најчестите грешки при подготовка на техничката понуда, како да се избегнат проблеми во оваа фаза и слично.

  1. Најчести прашања при утврдување на способноста

Утврдувањето на Способноста на економските оператори претставува едно од најактуелните прашања, како за договорните органи при оценка на условите за способност, така и за понудувачите при подготовка на понудите. Оваа сесија ќе даде одговор на повеќе клучни прашања: која е разликата меѓу група понудувачи, подизведувач и поддршка, во кои услови секој од овие модалитети е најдобар за понудувачите, на што треба понудувачите да внимаваат при создавањето на група, како да ги избираат правните/физичките лица на кои сакаат да им отстапат дел од договорот, односно да ги изберат субјектите чија спсобност ќе ја користат, како комисијата треба да ги евалуира во пракса, како се евалуира физичкото лице и слично.

  1. Постапување при жалба

Жалбената постапка е утврдена како основен механизам за контрола во јавните набавки. Но истата може да доведе до одолговлекување на постапката и непотребни поништувања. Оваа сесија ќе обезбеди практични совети и искуства за правилно постапување на договорниот орган при вложена жалба, на што треба да се внимава при подготовка на одговорот по жалба, како да постапуваат понудувачите кои сметаат дека им се нарушени нивните права, како правилно во жалбата да ги образложат жалбените барања и слично.

  1. Што не очекува во 2026 година?

Кои се новините што не очекуваат оваа година? Во оваа сесија ќе се разгледаат заклучните согледувања и перспективите за 2026 година, како и други прашања од интерес за учесниците.

 

ЦЕЛНА ГРУПА:

Обуката е наменета за сите договорни органи, лицата-единици за јавни набавки, членовите на комисии и одговорните лица, економски оператори, сопственици на компании, лица кои учествуваат во подготвување на понудите, консултанти и за сите други заинтересирани лица.

 

ПРЕДАВАЧИ:

М-р Рита ГЛИГОРИЈЕВСКА 


e раководител на Секторот за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи во Бирото за јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки, концесиите и јавно-приватното партнерство. Коавтор на повеќе книги, прирачници и брошури од областа на јавните набавки. Таа е коавтор на „Практичен водич низ јавните набавки“. Исто така, е автор и на „Прирачник за јавни набавки“ издаден од Бирото за јавни набавки.

Александар АРГИРОВСКИ


е еден од најистакнатите експерти за јавни набавки во Македонија. Тој е државен советник во Бирото за јавни набавки и долгогодишен практичар кој активно учествува во развојот и унапредувањето на системот за јавни набавки. Аргировски е коавтор на „Практичен водич низ јавните набавки“ – публикација која се користи како основен прирачник за договорните органи и економските оператори.

 

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)

Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 6 март 2026 година.