Големите лидери не се оние што имаат најмногу време,
туку оние што знаат како да го искористат!
5 март 2026 година (четврток)
10.00 – 16.00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ВОВЕД:
Ефикасното управување со време е еден од најголемите предизвици на современиот човек. Управувањето со време претставува процес на контрола и планирање на тоа колку време треба да се потроши на одредени активности. Добрата организација на времето му овозможува на поединецот да заврши повеќе за пократок временски период, да го намали стресот и да напредува кон успех во кариерата.
Овој програм за обука развива компетенција за управување со задачи и постигнување резултати преку унапредување на организацијата, сопствената работа и исполнување на задачите во предвидените рокови.
Оваа обука на учесниците им овозможува:
Да ги усвојат методите за ефективно управување со време и да ги применуваат во секојдневните професионални и лични активности.
Да ги разберат принципите за приоретизирање и да научат како да ги идентификуваат најважните задачи за максимална продуктивност.
Да ја зголемат личната и тимската ефикасност, преку подобра организација, елиминирање на одвлекување на вниманието и рационализација на работните процеси.
Да научат како да поставуваат јасни и остварливи цели, користејќи стратегии како SMART целите и временското блокирање.
Да го намалат стресот и притисокот од роковите, преку стратешко планирање и подобро управување со обврските.
Да ги применуваат научените техники во својата работа, со практични вежби и реални примери.
Обуката е насочена кон зголемување на продуктивноста, подобрување на работната ефективност и создавање структуриран пристап кон управување со време и задачи.
ПРОГРАМА:
1. Вовед
Воведно излагање за целите и очекуваните исходи од програмата
Анализа на моменталните предизвици при управувањето со време
2. Фундаментални концепти на управување со време
Време како стратешки ресурс: Ефективност vs. Ефикасност
Разбирање на влијанието на времето врз продуктивноста и професионалните перформанси
Поставување SMART цели како метод за структурирање на задачите
3. Методологии за ефикасно определување на приоритетните обврски и задачи
Примената на Матрицата на Ајзенхауер во идентификување на итност и важност
Паретов принцип (80/20): Анализа на клучните задачи што носат најголем ефект
4. Напредни техники за управување со време
Временски блокови како стратегија за зголемување на концентрацијата
Минимизирање на одвлекувањето на вниманието: Алгоритам за ефикасно делегирање
Примена на Pomodoro техниката за оптимизација на работните сесии
5. Практична сесија: Стратешко планирање на задачи
Индивидуално и групно структурирање на приоритетни активности
Симулирање на процесот на распределба на времето врз реални сценарија
Размена на искуства и дискусија за личните пристапи кон управување со време
6. Долгорочни стратегии за продуктивност и лична ефективност
Интегрирање на плански пристап во секојдневните професионални активности
Развој на дисциплина во следењето на поставените приоритети
Рефлексија: Како управувањето со време влијае на професионалниот успех?
7. Завршна анализа и заклучоци
Резиме на научените техники
Индивидуален план за примена на усвоените принципи
Отворена дискусија и евалуација на ефективноста на програмата
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
HR професионалци – За подобро управување со тимската динамика и организација на работните процеси.
Проектни менаџери – За ефективно распределување на задачите и следење на прогресот.
Раководители во јавниот сектор – За подобро балансирање на административните и оперативни обврски.
Продажни тимови – За подобро организирање на клиентските активности и стратегија за продажба.
Инженери и технички професионалци – За оптимизирање на работниот процес и подобра ефикасност во решавањето на проблеми.
Креативни професионалци (дизајнери, маркетинг експерти, уметници) – За подобро структурирање на идеите и проектите.
Вработени под висока работна динамика – За минимизирање на стресот и зголемување на продуктивноста.
Сите вработени кои имаат подвижна, одговорна и обемна работа, кои мислат дека е невозможно во предвидениот рок да завршат
Сите кои сакаат да научат како покрај работните обврски да си обезбедат време и за својот приватен, социјален и семеен живот.
ПРЕДАВАЧ:
Виолета Георгиевска – Дипл. Психолог, Системски Семеен Психотераевт, Трансакциски Аналитичар, Сертифициран обучувач на возрасни, Креатор и Програмски коосновач и тренер на Академија за развој на Лидерски вештини- Ourmind (Акредитирана од Министерство за Образование на РСМ) со посебен осврт на на значајноста на вештините за асертивна комуникација во меѓучовечките односи, емпатија, тимска работа, менацирање на време, менаџирање на стрес, работа со тешки клиенти, презентациски вештини и влијателен настап. Тренер за развој на родителски компетенции во работа со деца и семејство по PRIDE методологина, Коуч за областа на Лидерство и Организациски менаџмент
Во догогодишна професионална кариера, работи во повеќе области: селекција и ориентација на вработени, психолошко тестирање и психодијагностика, во сферите на индустрија, здравство и социјала, работа на платформа на ментално здравје и личен развој Our Mind. Во индивидуална сфера работи обуки за компании, индивидуален коуч, психотерапија, застапување и лобирање. Панелиста на теми за Толеранција (Inner Клуб Скопје Еуропеа 2022 г.) и Влијанието на трауми (Новак Ѓоковиќ Фондација 2023 г.).
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Редовна котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)
Во цената е вклучено:
• работен материјал
• сертификат за присуство
• кафе и освежување
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 4 март 2026 година.

