Актуелности

Уште една успешна обука реализирана од Институт КОНЦЕПТ!

Поради актуелноста на новиот Закон за јавните набавки, на 11 април, се одржа обука на истата тема. Резервирани договори, економски најповолна понуда, е-набавки, нови постапки за доделување на договори, иновации, правна заштита, контрола и прекршоци се само дел од стручното предавање на експертот Кирил Каранфилов, на кое присуствуваa повеќе од 40 претставници од договорните органи и економските оператори. Многу прашања и одговори, богата дискусија! Нов термин, 23 април 2019 година.